Викенд хороскоп 08 - 09 10 2016
Објавено во: Општо 07 Октомври, 2016 19:36
ОВЕН
Ако веќе имате започнато некои работи околу домот, викендов ќе бидете преокупирани со тоа и нема да имате време за одмор. Останатите овни ќе се покажат како добри домаќини и ќе го соберат семејството на ручек. Ако сте слободни, дружењето и комуникацијата ќе ви биде на прво место. Тоа особено ќе дојде до израз вториот ден од викендот кога е можно да запознаете личност родена во воздушен знак.
БИК
Ако се уште немате отидено на годишен одмор, викендов ќе имате голема желба да отидете во некое туристичко место и да вкусите барем мал дел од уживањето што ви го нуди летото. Комуникацијата со семејството ви е добра, но своето уживање го ставате пред се и поради тоа ќе се обидете да им се наметнете избирајќи некое познато и скапо место. Имате потреба да бидете во центар на вниманието и да се покажете во вистинско светло без лажна скромност. Ако сте слободни, ќе бидете опкружени со многу интересни личности и ќе ви биде тешко да се заинтересирате само за една.
БЛИЗНАЦИ
Местата кои се преполни со луѓе, се цел на вашите вечерни излегувања. Но, викендов сите ќе бидат изненадени од потребата да останете дома и да комуницирате со семејството. Имате нагласена потреба да учествувате во семејните договори и да им наметнете дел од своите интереси. Вториот ден од викендот сепак нема да му одолеете на друштвото и ќе му се придружите. Личноста родена во воздушен знак, која неодоливо ве привлекува, ќе биде таму и ќе започнете комуникација. Другото зависи од вас.
РАК
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Ако се уште не сте отишле на годишен одмор, можно е во текот на овие денови да тргнете на пат. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза. На тој начин можете да срушите се што сте испланирале. Доколку сте слободни, очекувајте средба со мистериозна личност родена во воден знак. Личноста е многу затворена и тоа највеќе ќе ве привлече кон неа.
Следна страна
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





