Многу стресни денови за вагите, проблеми за лавот - Викенд хороскоп
Објавено во: Општо 17 Август, 2018 16:16
Рак
Овие два дена ќе уживате во кругот на семејството. Вашиот хедонизам особено ќе дојде до израз. Вниманието што ќе го добиете ќе ве натера да се чувствувате како центар на светот. Ако одите на годишен одмор, внимавајте на трошоците. Имате потреба да отидете на некое ексклузивно место каде што ќе бидете видени и ќе можете да уживате, а тоа чини скапо. Доколку сте во брак, пред да направите каков било аранжман, консултирајте се со партнерот.
Лав
Овој викенд ќе имате проблеми со меѓучовечките односи. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера.
Девица
Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





