23 Ноември, 2024
0.0850

Викенд хороскоп 20 - 21 05 2017

Објавено во: Општо 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ОВЕН 

Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и за се да имате причина и оправдување, но на крај да дојдете во конфликтна ситуација или однос со некој постар или поавторитетен во својата околина, или пак претпоставен ако сте деловно ангажирани во саботата. Од друга страна, имате тенденција што некакви однесувања да ги прогласите веднаш за навика, за да не давате образложенија за нив. Неделата сепак порелаксирана и потребно е да се зафатите со дневни мали ситни обврски кои ќе ги завршите истиот ден. 

БИК 

Мислам дека саботата ќе имате некаква драмолетка со децата доколку ги имате или со чувствата кон личности кон кои имате емоции, најчесто кон едниот родител, во најголем број случаи со таткото, но и не мора да е така, можеби и со некој авторитет кој има таков татковски, читај строг, однос и сака да се наметне како авторитет. И тоа по прашање на некакви ваши дружења, јавни однесувања или однесувања на јавен план, објект, место, видот на тоа место и слично. Неделата е можеби порелаксирана но ако сте од помладите, внимавајте на пиењето алкохол или на друг вид стимуланси. 

БЛИЗНАЦИ 

Вашето  внимание ќе биде насочено викендов кон некакви почетоци или завршувања на некакви стории, по се изгледа чувствени или љубовни, а почетоците можат да бидат со личност од спротивниот пол која ќе биде таа кон која ќе ги насочувате вашите интереси и чувства, иако ќе бидете привлечени од атрактивниот изглед на истата. Можеби некакви расчистувања во домот, на физички план, со некакви отпади и стари нешта кои требало одамна да се расчистат или исфрлат или со односи со некоја блиска личност која се обидува да тренира авторитет на вас. 


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.