Викенд хороскоп 20 - 21 05 2017
Објавено во: Општо 19 Мај, 2017
ВАГА
Можеби саботата ќе бидете во некакви ситуации на конспиративни односи и релации, особено ако имате љубовна врска која од ваши причини морате да ја држите во конспиративност, но поради која може да се почувствувате крајно изложени, фрустрирани и инхибирани, со чувство на пониженост, срам и слични нискофреквентни чувства. Неделата е веќе период на стабилизација, но не и решавање на проблемот бидејќи ќе си најдете некакво лично логично објаснување, најчесто некоја лага која ќе ја прогласите за вистина како би задржале некакво статус кво. Внимавајте, говорам за сите можни односи и евентуално љубовни.
СКОРПИЈА
Викендов релативно мирен и можеби и со бенефитни случувања ако сте така настроени од изминатите денови или како последица од случувањата во истите. Значи, убави динамични нешта посебно на планот на вашето социјално живеење, на планот на дружењата кои можат да бидат искрено речено и доста напорни за вас, посебно во недела, бидејќи ќе има еден куп преправања, подлажнувања, невистини и искривени нешта во вашите заемни односи. Од вашето ниво на свесност зависи дали ваквите пријателства и понатаму ќе ги одржувате или не. Одлуката ќе говори и какви сте вие во моментот.
СТРЕЛЕЦ
Саботата малку напната, посебно на ниво на односи со постари личности, поавторитетни или што мислат дека се тоа, и тоа околу пладне кога и се формира аспектот кој е одговорен за ваквите нешта. Интересот во саботата и кон некакви статусни нешта, успеси, задоволства, манифестации, а во недела веќе е ден за планирање, за односи можеби и со подалечни роднини, кои можат да ве нагазат во домот, да имате посети, можеби и ненајавени и еден куп тажни приказни, кои ќе ви бидат раскажани со единствена цел да ве омекнат во побарувањето на некаква помош или услуга.
netxpage
ЈАРЕЦ
Можеби саботата ќе ви биде понапната од неделата бидејќи во саботата се можни прилично жестоки и страсни расправии со женско лице, без оглед на кој пол вие му припаѓате, но ако сте од машкиот тоа подразбира дека во прашање можат да бидат и моментални чувства, ако сте од помладите, може да се жестоки чувства кон некој постар, недоразбирања, разлики во гледањата на работите и односите и слично, а ако сте од женскиот род можеби расправија со машки авторитет, секако во оптек се сите можни варијанти. Во недела веќе е период на резиме и размисла, со ладна и објективна глава.
ВОДОЛИЈА
Насоката на вашето внимание ќе биде кон јавноста барем онаа вашата, кон личностите од вашето опкружување, имате истенчено чувство за нивните потреби и многу ви е значајно што тие мислат за вас, па по секоја цена може и да се обидувате да го одржите и зачувате убавото мислење за вас на таа ваша јавност. Ова меѓутоа значи дека ќе го запоставите малку повеќе оној кој е најважен во приказнава, а тоа е партнерот, нормално ако го имате, и кој нема да е пресреќен заради вашите настојувања . Ако го немате, се враќаме на првата тема, сега, со дополнителен мотив.
РИБИ
Саботата ви е доста понапорна бидејќи најчесто случување кое е можно е некакви лелекања околу чувствата и нивната вистинитост, околу посакувања, а некои припадници посебно припаднички на овој знак со силно чувство и за деца. Неделата е ден кој ќе го посветите на многу ситни дневни обврски, сопствена нега и одржување, посебно ако сте од женскиот род, но и на некакви услуги или “служења” на други луѓе, кои имаат потреба од вас. Би можеле денес и нешто да приготвите за ручек, без оглед на кој пол му припаѓате.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.