23 Ноември, 2024
0.0262

Викенд хороскоп 29 - 30 10 2016

Објавено во: Општо 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

ОВЕН 

Викендов ќе бидете исполнети со емоции. Имате потреба да бидете во кругот на семејството. Ако имате деца, поголемиот дел од времето ќе им го посветите ним. Имате чувство дека пропуштате нешто што нема да се врати. Партнерот ќе се однесува по малку неодговорно. Но, вие сте решени да не го забележувате тоа. Живеете во свој свет и не дозволувате да ве исфрлат од рамнотежа. Ако сте сами, можна е средба со една личност од минатото која никогаш ја немате заборавено. Сепак потсетете се на некои заеднички моменти, пред повторно да направите грешка. 

БИК 

Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба. Ако сте слободни, некои случувања ќе ве исфрлат од колосек. Ви претстои фатална средба со личност по која потполно ќе ја изгубите главата. 

БЛИЗНАЦИ 

Првиот ден од викендот ќе го поминете во завршување на обврските кои ги имате. Се чувствувате еуфорично и сметате дека одморот само ќе ви одземе време и нема да можете да ги завршите големите планови што ги имате. Премногу сте завртени кон себе и воопшто не сте заинтересирани за семејството. Внимавајте и не предизвикувајте неволји. На партнерот му недостасува внимание и време е да го забележите тоа. Ако сте сами, едно дружење преку социјалните мрежи може да ве заинтересира.

РАК 

Имавте бурна седмица исполнета со работа и работни средби. Атмосферата на работното место беше исцрпувачка и време е да одморите. Имате потреба да отидете надвор од градот, на некое место покрај вода. Таму ќе можете да се смирите и да се подготвите за следниот период. Сепак нема се да биде онака како што сте планирале. Партнерот ќе има некои свои идеи и ќе морате да направите компромис. За ваша среќа немате многу енергија за расправии. Ако сте сами, ќе имате можност за повеќе средби. Која ќе ја одберете зависи од вас. Имате пад на имунитетот, чувајте се од вируси. 

ЛАВ 

Викендов ќе се чувствувате осамено и емотивно. Имате потреба за близина и некој да ве сфати, но како сите околу вас да си го нашле своето место и заборавиле на вас. Внимавајте и не паѓајте во очај. Алкохолот воопшто не е решение за вашата моментална состојба. Тој само ќе ве направи уште поемотивни. Партнерот ќе се обиде да ве изненади, но и тоа нема да може да ве оттргне од меланхолијата во која сте западнати. Слободните лавови ќе имаат повеќе средби и дружења. Можно е да запознаат една личност која живее далеку од нив. 

ДЕВИЦА 

Овој викенд ќе имате желба да отидете некаде подалеку. Дружењето со семејството надвор од границите ќе ве наполни со енергија и ќе бидете помалку еуфорични. Обидете се да бидете коректни во однос на партнерот. Неговите обиди да ве задоволи наидуваат на ѕид. Ако мислите дека тој тоа не го забележува, се лажете. Личноста што ви се врти во мислите сака авантура и можете да останете разочарани. Затоа бидете прибрани и не рушете си ги односите што веќе ги имате изградено. Ако сте сами, можно е да сретнете личност со која ќе воспоставите совршена комуникација. 

ВАГА 

Имате голема желба да се скриете некаде и да побегнете од сите. Имавте тежок емотивен период и не знаете дали сето тоа што ви се случува има крај. Деновиве е можно да отидете на кратко патување и психички да се одморите. Партнерските односи ви се напнати. Партнерот на моменти се однесува како да ве разбира, а во следниот момент сето разбирање паѓа во вода. Ако сте сами, можно е во поголемо друштво да сретнете една личност од минатото. Емоциите ќе ве обземат и нема да знаете што да направите. 

СКОРПИЈА 

Првиот ден од викендот веројатно ќе морате да завршите некои работи кои ви заостанале. Емотивно сте исцрпени, но сепак сте задоволни од постигнатото. Во овој период оптимизмот не ве напушта и тоа расположение ќе сакате да го пренесете на семејството и на пријателите. Партнерот живее во свој свет и веќе сте навикнати на тоа. Овој викенд ќе се обидете да се приспособите за да не морате да му давате објаснувања кои ве вадат од такт. Ако сте сами, деновиве ќе одите од забава до забава и ќе се надевате дека ќе запознаете некого. Не брзајте. Дозволете работите да се случат сами.

СТРЕЛЕЦ 

Се чувствувате како да сте поделени на два дела. Од една страна полни сте со енергија и имате потреба за комуникација, а од друга имате желба да бидете сами и да молчите. Работите што ви беа наметнати во изминатиот период ќе морате повторно да ги изџвакате и да донесете конечно решение. Ако сте сами, можна е средба со личност која е доста постара од вас. Тоа ќе биде добар спој на млад дух и искуство. Ако сте во брак или подолга врска, викендов ќе го искористите за посета на семејството. 

ЈАРЕЦ 

Колку и да се обидувавте да избегате од семејните обврски, овој викенд ќе морате да попуштите. Партнерот ќе врши силен притисок на вас да го сработите се она што тој го испланирал во текот на седмицата. Заради мирот во куќата ќе морате да го задоволите. Можна е посета од една жена која ќе ви донесе интересни вести кои ќе ве заинтересираат. Ако сте слободни и осамени, ќе имате потреба да се дружите со спротивниот пол. Никој посебно нема да ве заинтересира, но секако ќе бидете задоволни. 

ВОДОЛИЈА 

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи. Ако сте слободни, можно е на некое место за забава да запознаете некого кој нема да ве остави рамнодушни. Проверете го здравјето. 

РИБИ 

Овој викенд работите околу домот и семејните собирања ќе имаат приоритет. Во изминатата седмица семејството беше запоставено и сега ќе морате да го надоместите тоа. Некои риби ќе отпатуваат во странство или ќе имаат посета од постар човек кој живее далеку. Импулсивноста не ве напушта, но имате повеќе трпение за другите луѓе, така што ќе се покажете како добар домаќин. Ако сте слободни, познанството со една личност преку социјалните мрежи ќе се продлабочи. Можна е средба, која ќе ве заинтересира.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.