27 Април, 2024
0.0267

ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ - законот изгласан, знаат ли граѓаните колкав данок ќе им биде вратен

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе нема никакви формални пречки за викендот без ДДВ, кој стартува од утре и ќе трае три дена. 

Пратениците со 71 глас „за“, девет „воздржани“ и ниту еден против го изгласаа законот со кој ќе се овозможи викендот без ДДВ. На 10, 11 и на 12 октомври ќе можат да се купуваат македонски произоди и услуги и компјутерска ИТ опрема.

Според власта, со Предлог законот за измени на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, по скратена постапка, се врши поттикнување на продажбата на домашните производи и услуги, како и зголемена дигитализација на општетвото, но ќе се поттикне потрошувачка и раст на приходите во одредени продажни сектори.

Од друга страна, пак, законот, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, има многу недостатоци, меѓу кои и метеж пред продавниците, кој може да ја зголеми бројката на заразени од коронавирус. 

А за кои производи ќе се враќа ДДВ и колкав поврат можат да очекуваат граѓаните? 

Фактор направи анализа на даночните стапки на одредени производи и услуги. 

Законски ДДВ се пресметува со даночна стапка од 18 проценти, но има и повластена стапка од пет проценти по која се даночат повеќе производи и услуги – меѓу нив и храната, училишниот прибор, компјутерите. Облеката е со стапка од 18 проценти.

Издвоивме дел од производите за кои плаќаме само пет отсто ДДВ колку и ќе ни биде вратен во текот на тие три дена. Компјутерите и софтверите за компјутери сепак се со повластена стапка на ДДВ – или пет проценти. Така ако еден компјутер чини 20.000 денари, за него сме платиле и 1.000 денари ДДВ. Толку и ќе ни бидат вратени откако ќе ја скенираме сметката во Викендот без ДДВ. Ако чини 10.000 денари државата ќе ни врати 500 денари. Со повластена стапка од пет проценти се даночи и храната односно производите за човечка исхрана. Пет отсто ДДВ плаќаме и на купените книги, публикации, весници, брошури, но и за лекови за лекување на луѓе и за лекови за ветеринарна медицина. Данокот на додадена вредност е со стапка од пет процентии и на учлишниот прибор. Сега почна учебната година, па ако пазарувате за време на Викендот без ДДВ и купите училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор – за овие производи ќе платите ДДВ од пет проценти. Толку ќе ви бидат вратени.

Фактор веќе пишуваше дека државата ќе го враќа целиот ДДВ во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сметките во тие три дена треба да се скенираат најдоцна три дена по издавањето на сметката. „Викендот без ДДВ“ почнува од утре, односно ќе трае на 10, 11 и 12 октомври (сабота, недела и понеделник). 

Инаку граѓаните имаат право на поврат на целиот ДДВ само до потрошени 30.000 по поединец. Треба да купат македонски производи и услуги односно само за тие се враќа целиот ДДВ, или компјутерска опрема. За останатите производи остануваат истите правила како до сега. Ако во тие три дена се потрошат над 30.000 денари, данокот за се што е над таа сума ќе биде вратен како досега, по истекот на тримесечјето. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност