08 Септември, 2024
0.0254

Винарија Камник одбележа 20 години постоење - две децении посветеност на уметноста на производство на вино

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Винаријата Камник, еден од најуспешните македонски производители на вино, на ексклузивен настан го прослави јубилејот 20 години постоење, одбележувајќи две децении посветеност на уметноста на производство на вино. Дваесетгодишнината од постоењето, како и сите досегашни успеси и достигнувања, Винарија Камник ги прослави во присуство на домашни и странски гости, партнери и соработници.

Од своите скромни почетоци до меѓународно признато име, винаријата е во првите редови на производство на врвни вина кои ја доловуваат автентичноста на богатиот тероар ​​во регионот. Основана во 2004 година, Винарија Камник е родена од визијата да создаде исклучителни вина кои ги рефлектираат уникатните карактеристики на македонскиот тероар. Скромните пет хектари лозови насади од 2004 година, прераснаа во близу 40 хектари денеска. Дел од нив од неодамна се и 20 хектари на единствена локација, на 550 метри надморска височина, на микролокацијата Војница, каде што расте исклучително ароматично и богато концентрирано грозје.

Од самиот почеток кога беа засадени првите лозови насади, преку првата берба во 2008 година, до производството на првото вино од сопствени насади Ten Barrels Syrah, винаријата претставува исклучителен и реномиран производител на висококвалитетни македонски вина. Винарија Камник пред 20 години го започна својот магичен пат со скромен капацитет на производство од само 10 тони грозје и само 10 дабови буриња, а сега по две децении преработува 500 тони грозје, а во винаријата во  500 дабови буриња созреваат едни од најдобрите вина во регионот, направени со многу љубов и исклучително внимание. 

Во овој период се создадени повеќе од 25 различни вина произведени од винските сорти Syrah, Merlot, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Carmenere, Montepulciano, Sangiovese, Pinot Noir, Vranec, Pinot Grigio, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Muscat Petit Grain, Moscato Giallo, Viogner, Greco di Tufo, користејќи модерна технологија, но сепак зачувувајќи ги традиционалните принципи.

Високиот квалитет на вината Камник, ексклузивноста и богатството на вкусот е потврден и со бројните награди на регионално и глобално ниво и големиот број лојални следбеници - вински ентузијасти. Вранец Terroir 2011 е прогласено за најдобро црвено вино во Централна и Источна Европа на Decanter World Wine Awards UK, а Ten Barrels Syrah Reserva многупати освои златни медали на Syrah du Monde и е прогласувано за едно од најдобрите 10 Syrah вина во светот. Покрај тоа, има и највисок просечен рејтинг од консументите на апликацијата Vivino за регионот на Југоисточна Европа.

Винарија Камник е и прва во Македонија која за специјалната етикета Signature работи со 200% одлежување на виното во нови дабови буриња и прва македонска винарија што направи етикета за вино од уметничко дело Carmenere 2019 на Михаил Корубин. Винаријата се смета и за иноватор во винските вкусови, бидејќи прва во Македонија произведе Orange Wine, Barrique вино и првото македонско вино каде што се користи 23 каратно фино дисперзирано гастрономско злато, Golden Temjanika.

Камник низ годините стана доверлив партнер и на многу ресторани со Мишелин ѕвезди во светот, на чии вински листи може да се најдат вината - најдобрите претставници од оваа винарија, па дури и за некои од нив се создадени специјални етикети, што уште повеќе зборува за уживањето на довербата во винскиот свет. Застапени се во престижни ресторани во Англија, Германија, Швајцарија, Словенија, Хрватска и други земји, а вината на Chateau Kamnik може да се најдат и во најголемиот светски културен центар посветен на виното, импресивниот и модерен музеј La Cité du Vin во Бордо.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина“ ќе биде промовирана на 25 септември

Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина“ ќе биде промовирана на 25 септември

Патувачката гајба на Скопско пропатува низ градовите во земјава, со најава за големата роденденска забава во Скопје

Патувачката гајба на Скопско пропатува низ градовите во земјава, со најава за големата роденденска забава во Скопје

САВА пензиско друштво ќе ги стипендира студентите на Хајделберг Факултет во Скопје

САВА пензиско друштво ќе ги стипендира студентите на Хајделберг Факултет во Скопје

Привремено затворање на патот од хотелот Бистра до Леуново во Маврово на 8 Септември поради трката Халк Вело Грин

Привремено затворање на патот од хотелот Бистра до Леуново во Маврово на 8 Септември поради трката Халк Вело Грин

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ќ.С. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.565.639 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ќ.С. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.565.639 ДЕНАРИ

Samsung One UI 6.1.1 ги носи најновите Galaxy AI функции до уште повеќе корисници ширум светот

Samsung One UI 6.1.1 ги носи најновите Galaxy AI функции до уште повеќе корисници ширум светот

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ И ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ СТАНУВААТ ПАРТНЕРИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ И ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ СТАНУВААТ ПАРТНЕРИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

На Weekend.17 доаѓа претседателот на УЕФА Александер Чеферин

На Weekend.17 доаѓа претседателот на УЕФА Александер Чеферин