17 Мај, 2024
0.0311

Винаријата Камник прва во Македонија се вклучува во сервисот на „GOOGLE BUSINESS VIEW“

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Винаријата Камник прва во Македонија се вклучи во сервисот на Google Street View - Business View. Комплексот Камник во Скопје, ги отвори своите врати за снимање на 360° обиколка, така што од почетокот на неделава секој заинтересиран во светот, преку сервисот Google Business View, може со виртуелна тура да ги посети сите објекти на овој реномиран вински и угостителски бренд од Македонија.

Google Business View е извонредна виртуелна, интерактивна алатка, која има глобална видливост и изложеност на погледите преку Google Street View, Google Maps и Google Search, која што може да биде поврзана со веб сајтот на клиентот, како и со која било социјална мрежа.

Kamnik - Google Street View 2

Иновацијата е еден од важните аспекти во создавањето на вината Камник. Свесни за моќта и влијанието со кои иновацијата го обликува нашиот свет, навистина ни е задоволство што сме првата компанија на македонскиот пазар која се вклучува во Google Street View - Business View сервисот. Произведуваме вина со премиум квалитет, нудиме вински дегустации во ултра-модерниот амбиент на просторијата за дегустации во нашата винарија, а сега имаме и можност на љубителите на вино од било кој дел на светот да им ги претставиме винаријата и лозјата на еден динамичен начин со виртуелна прошетка, и да им овозможиме да ја почувствуваат енергијата со која го обликуваме брендот Камник вина", изјавија од Винарија Камник.

Винаријата Камник, најпрестижната македонска винарија, стана синоним за македонско вино со исклучителен квалитет за кој пристигнуваат највисоки признанија од високореномирани светски натпревари и настани со најстроги критериуми. Покрај винаријата Камник, во рамките на комплексот се наоѓа и добропознатиот ресторан, ловечка куќа, Хантерс Лоџ Камник. Овој ресторан е познат во поширокиот регион по извонредната услуга и гастрономска понуда на специјалитети од дивеч и од интернационалната кујна, по топлиот и пријатен амбиент во кој  гостите уживаат во зима, и освежувачката атмосфера во зеленилото на летната тераса. Освен ресторанот, за сите оние кои пристигнуваат во Скопје, комплексот Камник нуди и хотелско сместување. Google Street View - Business View овозможува сето ова да се види сосема одблизу со виртуелна прошка.

Kamnik - Google Street View 3

Студиото за модерен артистички и уникатен мебел за ентериери и расветни тела, Лукс е втората компанија во Македонија која својата доверба ја довери на Google Street View - Business View сервисот. Студиото Лукс соработува со дизајнерски брендови кои се светски лидери во сферата на осветлувањето и уредувањето на просторот. Моделите на расветни тела и ексклузивните парчиња мебел што ги нуди Лукс се карактеризираат со современ и смел дизајн и софистицирана естетика кои создаваат единствен и впечатлив идентитет за клиентот.

Стaртот на Google Business View сервисот во Македонија доаѓа преку британската компанија Thunder Box, со седиште во Софија, Бугарија.

Да се биде прва и најискусна агенција – партнер на Google за Балканот, ни овозможува да го развиваме овој сервис, да снимаме, да сликаме и да ги подобруваме перформансите на стотици најразлични типови на бизниси. По нашето извонредно богато искуство во Бугарија, сега сме во можност и во полна кондиција да го завртиме нашето внимание на остатокот од Балканот, започнувајќи токму со Македонија”, изјави Сајмон Фик, Генерален менаџер на Thunder Box. „Возбудени сме од можностите тука и со задоволство гледаме на брзиот развој на Македонија како туристичка дестинација, потоа од потенцијалите од маркетиншки аспект и генерално, од можностите за подигнување на профилот на сите бизниси и компании со кои што работиме и ќе соработуваме, без оглед на тоа за кој сектор или индустрија станува збор”, потенцира Фик.

Kamnik - Google Street View

Thunder Box е сертифицирана агенција - Google Trusted Agency, која е авторизирана за ширење на сервисот Business View на пазарите во земјите од Балканот, вклучително и во Македонија. Во компанијата велат дека, во суштина, бизнисот не е географски ограничен, туку дека тоа зависи од квалитетно завршената работа.

Google Business View е производ на Google, кој што беше лансиран во 2014 година. Овој сервис е дизајниран за компаниите од кој било сектор, без оглед дали станува збор за индустриски постројки или за услужна дејност, со можност на своите или на потенцијалните клиенти преку виртуелна 360° обиколка (тура), да го покажат изгледот, уредувањето, понудата или, со еден збор, потенцијалот на сопствениот бизнис. Компаниите и нивните сопственици не можат самостојно да ги поставуваат своите бизниси на Google Business View, туку тоа се прави преку партнерски агенции или таканаречени „Агенции од доверба” – Google Trusted Agency, специјално авторизирани за овој планетарен сервис. Едноставно кажано, Google Business View е Google Street View за бизнис потреби.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!