18 Декември, 2025
0.3716

Виновници има и мора да одговараат: Кој си дозволи да крати од сметките на идните пензионери

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2019 06:48

Добивај вести на Viber

Кој и кога ќе понесе одговорност и дали истражните органи ќе ја завршат работата до крај. Граѓаните кои се вработени и кои се членови на еден од двата приватни пензиски фонда се запрепастени од информацијата дека десет години државниот ПИОМ ги добивал за нив уплатените придонеси, но не ги префрлал во приватните фондови. Толку години никој не кажал ниту збор за ова, а вчера министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека оштетени се 12.000 идни пензионери кои сега се на возраст од околу 40 години и на кои пензиските сметки им се олеснети за околу 6.700 евра или 400.000 денари вкупно. 

Она што е чудно е што пензиските фондови имаа обврска да испраќаат и испраќаа таканаречен зелен плик до граѓаните со информација за тоа колку пари имаат на сметката, а МАПАС - Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ја контролираше нивната работа. Ниту тие ниту фондовите не ги предупредиле граѓаните иако еднаш имаше информација дека ПИОМ доцни со исплатата. Тој случај тогаш заврши со смирување на јавноста дека нема опасност за идните пензионери.

Царовска вчера рече дека скандалот го утврдиле по анализа на системот која не била направена од 2008 година. Од Министерството за труд и социјална политика денеска ќе достават пакети со документи во зградата на Основното јавно обвинителство. Граѓаните ќе биле обесштетени со 19 милиони евра од буџетот. 

Државата секако секоја година ја пополнува дупкат аво ПИОМ за исплата на пензиите и тоа на месечно ниво. 

Инаку најголемото задржување на пари од страна на ПИОМ, било во 2009 и 2010 година, кога директор на ПИОМ беше Исни Јакупи, а моментално во директорската фотелја на Фондот е Шаип Зенељи. 

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје