15 Декември, 2025
0.0340

Вип го зголемува пазарен удел во првата половина од годинава

Објавено во: Мои пари 13 Август, 2014 12:31

Добивај вести на Viber

Во услови кога пазарот на мобилна телефонија во Македoнија бележи стагнација, Вип ја задржува својата база на корисници во текот на првата половина на 2014 година и истовремено го зголемува бројот на договорни постпејд претплатници за 12% споредено со минатата година, соопштија од компанијата. Со тоа постпејд корисниците се зголемуваат на повеќе од 50% од корисничката база на Вип, а пазарниот удел на Вип забележува благ пораст и достига 28.2%. Приходите во вториот квартал од 2014г. се намалија за 13% споредено со истиот квартал минатата година и изнесуваат 14.3 милиони евра. Најголемо влијание за намалување на вкупните приходи доаѓа од интерконекцијата, како резултат на регулацијата  на големопродажните цени за терминација на сообраќај во мобилни мрежи, кои во однос на истиот период минатата година бележат намалување од 70%. Вип успеа делумно да го компензира негативниот тренд во приходите преку кратење на оперативните трошоци, но и покрај тоа Заработката пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА), споредено со минатата година забележа пад за 26% и изнесува 2.5 милиони евра. Со трошоците за депресијација и амортизација кои се речиси стабилни на нивото од предходната година, оперативна добивка изнесува 0.3 милиони евра, наспроти 1.3 милиони евра од истиот период минатата година. „Во услови на заситеност на пазарот на мобилна телефонија и остра конкурентска битка меѓу операторите, континуираниот тренд на намалување на малопродажните и големопродажните цени влијае врз профитабилноста на операторите и наложува неопходност од скратување на оперативните трошоци. Имајќи го предвид ова пазарно опкружување и предизвиците со кои се соочуваме, горди сме што забележуваме пораст во постпејд сегментот, кој сега изнесува повеќе од половина од нашата корисничка база. Ќе продолжиме и понатаму да го развиваме потенцијалот на нашата 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Македонија, со цел да обезбедиме најдобро искуство за нашите корисници“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија