19 Декември, 2025
0.0396

ВИП и Телеком со меѓусебни обвинувања за прекинот во мрежата

Објавено во: Економија 27 Март, 2013 20:24

Добивај вести на Viber

Утрово дојде до застој во мобилниот сообраќај меѓу корисниците на ВИП и Т-Мобиле кој траеше од 02.45 часот наутро, па се до 11.15 часот. Притоа и двата мобилни оператори излегоа со своја верзија за проблемот. ВИП:Телеком да си ја среди инфраструктурата „Како резултат на технички проблеми во опремата на еден од интерконекциските водови изнајмен од Македонски Телеком АД Скопје, во периодот од 2.45 часот наутро до 11.15 часот претпладнево, корисниците на Вип оператор почувствуваа потешкотии при комуникацијата со корисниците на Т-Мобиле Македонија АД Скопје. Во овој период отежната беше и комуникацијата на корисниците чии броеви се пренесени од Т-Мобиле во Вип“, информираа од Вип. Тие апелираат надлежните органи да постапат и соодветно да интервенираат, за да се надмината, како што посочуваат, честите технички испади, настанати на инфраструктурата на Македонски Телеком АД кој е оператор со значителна моќ на големопродажниот пазар за обезбедување на изнајмени линии. Телеком: ВИП да си ги поправи неисправните уреди На ваквите обвинувања стигна брза реакција од Македонски Телеком кои ги демантираа тврдењата на ВИП дека застојот бил направен поради нивна техничка грешка. Вината за застојот  Телеком ја префрлаат во техничката неисправност на ВИП. „Веднаш по пријавувањето на проблемот од страна на ВИП, стручни лица на Македонски Телеком утврдиле дека причината за проблемот е несоодветниот сигнал што се добивал од опремата на ВИП, а не заради задоцнета реакција на Македонски Телеком, како што е наведено во соопштението на ВИП. Проблемот бил решен по интервенција на екипи од ВИП, со што 8 часовниот застој на сообраќајот бил комплетно во нивна надлежност. Се надеваме дека во иднина коректно ќе ја известуваат јавноста“, велат од Македонски Телеком.    

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба