ВИРУСОТ СЕ ВРАТИ: Јужна Кореја сега има 11.344 заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Мај, 2020
Koвид - 19 се врати во Јужна Кореја.
Еден ден претходно земјата објави 80 нови случаи на коронавирус, најголем број нови случаи по седум недели, со нов фокус на инфекција во дистрибутивниот центар на компанија за електронска опрема во Бучеон, предградие на Сеул.
Не се размислува за затворање на училиштата што постепено започнаа со отворање минатата недела.
Јавните објекти, музеи, театри и повеќенаменски сали во Сеул и неговата поширока област, ќе бидат затворени повторно до 14 јуни, изјави министерот Парк Ноунг Ху.
Во Сеул, инфекциите на САРС-КоВ-2 избувнаа меѓу посетителите на ноќен клуб овој месец, а се зголемуваат стравувањата од можен втор бран на епидемијата.
Околу половина од 51,6 милиони луѓе во Јужна Кореја живеат во пошироката област во Сеул.
Во Јужна Кореја сега има 11.344 заразени лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.