19 Декември, 2025
0.0354

ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ЗЕМА ЖИВОТИ: Пет жртви во Севилја, граѓаните на нозе

Објавено во: Свет 03 Септември, 2024 13:10

Добивај вести на Viber

Жителите на покраината Севилја организираат протест барајќи од властите посериозно да реагираат во борбата против вирусот Западен Нил, кој ова лето предизвика пет смртни случаи во оваа јужна шпанска покраина. Вирусот се пренесува на луѓето кога комарците ќе каснат заразени птици, а потоа и луѓе.

Протестот ќе се одржи во градот Исла Мајор во покраината Севилја, а го организира платформата „Борба против вирусот Западен Нил“, која бара засилена реакција од локалните и националните власти во контролата на ширењето на болеста. Регионалната влада на Андалузија ги повика луѓето на смиреност, најавувајќи дека ќе ја зголеми соработката меѓу покраините и градовите во борбата против вирусот.

Покраина погодна за размножување на комарци
Семејството на Гранада Ромеро Руиз, 86-годишна жена која ова лето почина од вирусот, напиша писмо до локалните власти непосредно пред нејзината смрт, изразувајќи „бес и очај“. „Оваа трагедија можеше да се избегне доколку се однесувавте со одговорност и човечност во вашите удобни канцеларии, што го очекуваме од вашата позиција,“ порачаа тие.

Семејството го обвини за ширењето на вирусот неуспехот во фумигацијата на оризовите полиња во нивна близина. Фумигацијата подразбира процес на уништување на инсекти со гас. Модесто Гонзалес, градоначалникот на градот Кориа дел Рио, каде што од вирусот починаа три лица, ја повика централната влада да се координира со локалните власти за да се преземат подрастични мерки против вирусот.

„Ова го надминува локалното подрачје и не може повеќе да се губи време, бидејќи животите на луѓето се во опасност,“ изјави тој. Комарците го пренесуваат вирусот од птици на луѓе и други цицачи. Во покраината Севилја ова лето се регистрирани 61 случај на зараза. Поради своите мочуришта и оризови полиња, покраината е погодна за размножување на комарци, пишува BBC.

Во повеќето случаи нема или има слаби симптоми
Џорди Фигуерола од Шпанскиот национален истражувачки совет објасни дека блага зима и влажна пролет го поттикнале ширењето на вирусот оваа година.

„Веројатно е дека циркулацијата на вирусот Западен Нил ќе продолжи да расте,“ најави тој. Предупреди дека е потребна подобрена координација помеѓу локалните и националните влади, како и земјоделците, за да се обезбеди соодветна фумигација на оризовите полиња.

Во западниот регион Екстремадура, кој исто така има значајни мочуришни подрачја, забележани се 17 случаи. Во повеќето случаи, вирусот Западен Нил предизвикува или многу слаби симптоми или ги нема. Во околу 20 проценти од случаите, неговите ефекти се посериозни, вклучувајќи главоболка, висока температура и промени на кожата.

Во помалку од пет проценти од случаите, симптомите се исклучително сериозни и може да доведат до смрт. Особено ранлива група се постарите лица.

фото: EPA-EFE/JAGADEESH NV

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела