22 Ноември, 2024
0.1248

„ВИСИ“ ЛИ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ОД ПРВИ ОКТОМВРИ - на нецели три недели до стартот, законот уште не е на дневен ред на матичната собраниска комисија

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

На нецели три недели до први октомври, денот кога треба да стартува недела неработен ден, како огромен и сериозен проблем се наметнува фактот што се уште не се изгласани потребните закони за таа новина.

Како што е познато, за да стартува недела како неработен ден од почетокот на наредниот месец, ќе мора претходно пратениците да ги изгласаат измените на Законот за работни односи, како и измените на Законот за трговија, со кои ќе се уреди кои дејности ќе бидат исклучоци од прогласувањето на недела за слободен ден за работниците, колкава ќе биде дневницата и правата на оние што ќе работат во недела, но и како тоа прашање ќе се уреди за работењето на моловите.

Но, иако предлог законските измени до Собранието беа испратени уште на стартот на јули годинава, по долги преговори со претставниците на работниците и на бизнис заедницата, според нашите информации, тие закони не само што се уште не се изгласани од народните избраници, туку измените на ЗРО се уште не се поминати ниту на матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, а далеку од тоа да добијат „зелено светло“ на пленарна седница.

Нашите сознанија говорат дека точката за измените на ЗРО, претседателот на собраниската Комисија за труд и социјала, Хусни Исмаили, кој е од партијата Алтернатива, која е инаку опозициска партија во законодавниот дом, се уште не ја става на дневен ред на разгледување на комисијата. Зошто тоа се случува не е познато, но од власта постојано се апелира да се забрза ова прашање, иако засега, без резултати.

Фактор на оваа тема постави и неколку прашања до Министерството за труд. Имено, баравме одговор дали се изгласаа измените на ЗРО и на Законот за трговија со кои од први октомври недела се прогласува за неработен ден и доколку се уште не се изгласани, која е причината за тоа, односно дали е причина тоа што претседателот на Собраниската комисија за труд и социјала, Хусни Исмаили, се уште не ја закажува седницата на Комисијата. Прашавме и, со оглед што денеска сме 14 септември, дали има доволно време законските измени да ја поминат и комисиската расправа и пленарната седница, и законот да почне да се применува од први октомври. Се интересиравме и што сега презема МТСП околу овој проблем, но и дали доколку навреме не се изгласаат законските измени, ќе значи дека ова ветување на власта кое работниците долго го очекуваа, ќе падне во вода.

Од Министерството за труд и социјала за Фактор ја потврдија оваа информација, но оттаму се уште се оптимиксти дека законските измени навреме ќе се изгласаат, апелирајќи до народните избраници да го поддржат ова законско решение.

„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за  работни односи со кои се предвидува денот недела да биде ден за неделен одмор, се уште не е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика. МТСП очекува дека ова законско решение наскоро ќе помине на матичната комисија, а потоа, согласно собраниските процедури, да се најде и пред пратениците на пленарна собраниска седница. Министерството апелира до сите пратеници и од власта и од опозицијата да го поддржат ова законско решение, бидејќи е во интерес на граѓаните на нашата држава“, велат од МТСП за Фактор.

Од Министерството нагласуваат дека со ова се прави уште еден исчекор кон унапредување и заштита на работничките права и социјалната правда.

„Истовремено,  за работниците на кои работата им налага на работното место да бидат и во денот недела, предвидено е да добиваат дневница повисока за најмалку 50 отсто од редовната, а дополнително ќе добијат и слободен ден кој ќе го користат во наредните седум дена“, потенцираат од МТСП.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика, за над 92 проценти од вработените во државата недела ќе биде ден за неделен одмор.

„Ова предлог законско решение е изработено со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, претставници на работниците преку синдикатите и на работодавачите. Токму поради неколкумесечните отворени дебати со сите засегнати страни, очекуваме недела, ден на еделен одмор наскоро да стане реалност“, децидни се од Министерството за труд и социјална полика.

А, како што веќе пишуваше Фактор, со законските измени и на ЗРО, и на Законот за трговија, се предвидува повисока дневница за 100 отсто во моловите, но и за 50 отсто во дејностите каде не смее да се прекинува работата, плус еден слободен ден во текот на работната седмица. Оние што ќе работат во недела, ќе добиваат повеќе пари. Газдите, пак, што оваа нема да го почитуваат, ќе добијат клуч на врата на фирмите и плус парични санкции. Дали се тоа ќе се спроведува како што е замислено од први октомври, ќе контролираат трудовите инспектори.

Во законот е јасно наведено дека како ден за неделен одмор на работниците ќе се смета недела. По исклучок, се вели во законските имени, за работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко - технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата.

Тоа се однесува за голем број дејности, кои се таксативно наброени во зконските измени. Такви се одгледување на животни, мешовито фармерство, вадење на јаглен и лигнит, вадење на руди на метал, печатење и издавање на весници, производство на леб, слатки во свежасостојба и бисквити, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на индустриски гас, производство на метали, аптеки, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината, копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт, складирање и помошни дејности во превозот, објекти за сместување, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, емитување на програма, телекомуникации, како и информативни услужни дејности, каде влегуваат хостирање, обработка на податоци, интернет портали и слично.Исто така, во недела ќе се работи и во дејностите прикажување на филмови, фотографски дејности, ветеринарни дејности, изнајмување и давање под закуп односно лизинг на моторни возила, дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи, но и дејности на повикувачки центри.

Сите што ќе работат во недела, имаат право на додаток на плата за работа во недела, а тој изнесува најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот. Исто така, овие работници, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена.

Законот предвидува и клуч на врата за фирмите кои ќе го кршат, но и парични казни.

„.... Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај работодавачот работи работник во недела, со решение ќе му забрани на работодавачот вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена, ќе му издаде прекршочен платен налог. Ако работодавачот не го прифати налогот или не го плати, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, согласно Законот за прекршоците“, се вели во предлог законските измени.

Во самиот закон стои дека влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, а ќе почне да се применува од први октомври 2021 година.

А, во пакет со измените на ЗРО, Владата ги испрати до пратениците и измените на Законот за трговија, со кои се уредува работењето на работниците во моловите, но и на бензинските пумпи и зелените пазари. Како што е познато, со овие законски измени ќе се утврди дека моловите и дуќаните во самите молови, ќе имаат материјална обврска во корист на Буџетот, во висина од 2 отсто од вкупниот промет оставрен во недела и на празници во претходната година, а тие пари државата ќе ги инвестира во детски градинки.

Додатокот на плата за работа во недела и на празници кај овие работници изнесува најмалку 100 отсто за секој час поминат на работа. Ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, согласно закон. Во законот е наведено и кои трговци од кога до кога можат да работат во недела и на празници.

Од бизнис заедницата тогаш изјавија дека генерално се согласуваат со законските измени, потенцирајќи дека работникот, навистина треба да се награди за работењето во недела, иако е факт е дека зголемената дневница за 50 отсто ќе ги зголеми трошоците на работодавачите.

„Ние сме свесни дека работникот, наместо да биде како и сите други дома со своето семејство, работел во недела, и тој за тоа треба да добие соодветна сатисфакција, односно треба да биде награден“, објасни за Фактор Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат