19 Декември, 2025
0.0852

ВИСОКО ЗАДОЛЖЕНА ЕКОНОМИЈА: Надворешниот долг достигна 70,1% од БДП!

Објавено во: Економија 05 Јули, 2016 08:33

Добивај вести на Viber

Само за три месеци, или на квартално ниво, надворешната задолженост на земјата се зголемила за 353 милиони евра. Заклучно со март, годинава Бруто надворешниот долг изнесува 6,7 милијарди евра. Драматично зголемување на надворешната задолженост има кај Народната банка, но во пораст се и задожувањата на државата. Утре, Владата бара заем и од домашните кредитори. Во среда се задолжува, но и се раздолжува по основ на доспеани обврски. Расте надворешната задолженост на државата и на НБМ Заклучно со првиот квратла од 2016 година, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесувал 6 707 400 000 евра. Според најновите податоци што ги објави Народната банка, надворешната задолженост е во пораст и достигна 70,1% од Бруто домашниот производ. Само за три месеци, или во споредба со последниот квратла од 2015 година, задолженоста кон странство се зголемила 353 700 000 евра. Бруто надворешен долг: I квартал 2016 година 6 707 400 000 евра IV квартал 2015 година 6 535 700 000 евра Според достапните податоци, пораст на надворешната задолженост има кај државата и кај Народната банка. Така, заклучно со март, вкупниот надоврешен долг на државата изнесува 2,1 милијарда евра и тој се зголемил за 34 милиони евра. Она што е впечатливо во структурата на надворешната задолженост на државата е дека се работи за 100% долгорочни обврски. Од вкупниот долг најголем дел или 1,35 милијарди евра се долгови по основ на заеми а 771 милион евра се по основ на должнички хартии од вредност. Според новите владини проекции зацртани во реблансот на Буџетот, до крајот на годинава се очекува натамошен пораст на надворешната задолженост, од каде главно ќе се обезбедат пари за финансирање на буџетскиот дефицит кој од 3,2% се зголеми на 3,4% или за нови 36 милиони евра. “Благото ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од 3,6% од БДП и редовното сервисирање на обврските по основ на домашниот и надворешниот долг, се планира да се обезбедат од домашни и странски извори на финансирање“, се наведува во предлог-ребалансот на Буџетот. Со новите проекции е предвидено намалување на темпото на задолжување на домашен пазар, а засилување на странските пазари. Па така, ако со буџетот беа предвидени задолжувањата на домашен пазар да изнесуваат  307, 2 милиони евра, сега се предвидува тоа да изнесува  137,2 милиони евра. Односно, 170 милиони евра помалку задолжувања кај домашните кредитори. Оваа сума наместо од домашниот ќе се бара од странските пазари. Па така, наместо првично предвидените 371, 7 милиони евра, сега се превидува задолжувањето на странските пазари да изнесува 556 милиони евра. Растот на надворешната задолженост практично ќе биде и последница на новата Еврообврзница, која според досегашните лифереувани инфрмации ќе се издаде на сума од 230 милиони евра. Освен на државата, на квартално ниво голем пораст има и на задолженоста на Народната банка, која на крајот од март регистрирала надворешна задолженост од скоро 385 милиони евра со пораст на квратално ниво од 302 милиони евра. Кај задолженоста на Нардната банка практично порастот е како резултат на нови краткорочни обврски. Утре – ново задолжување од домашните кредитори Во среда, преу продажба на државни хартии од вредност, Владата ќе побара заем од 5,4 милиони евра. Утре ќе се спроведе аукција на обврзници со рок на доспеавање од 10 и 15 години како и на записи од 363 и 76 денови. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот Јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП. Од вкупниот Јавен долг, 2,8 милијарди евра се надворешен долг а 1,4 милијарди евра внатрешен долг. Податоците покажуваат дека во структурата на внатрешното задолжување, во постојан пораст се долгорочните заеми, зад кои како кредитори главно се пензиските фондови и осигурителните компании. “Може да се забележи дека се зголемува рочноста кај домашното задолжување, тоа е така и не може да го негираме. Домашното задолжување веќе се префрла на идните генерации, има негово оддложување на подолг период. Тоа и не е така лошо бидејќи во некои извештаи за Македонија се посочува дека таквото задолжување е за да се намали притисокот и ризикот на државата во моментот и следната година, но од друга страна тоа носи други ризици, тоа значи дека тие долгови некои следни генерации ќе треба да ги вратат“, изјави неодмана универзитетскиот професор Борче Треноски. За шест години, или од 2010 година до сега Јавниот долг се заголеми за 1,9 милијарди евра. Според овој критериум, Македонија е сеуште во групата на умерено задолжени земји, додека според андворешната задолженост економијата веќе е рангирана во високо задолжени. Утре,освен задолжвање, на домашен терен ќе се спроведе и раздолжување во вредност од 5,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?