ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024
Повеќе македонски градови денеска беа со високо загаден воздух.
Се смета дека прашината од Сахара придонела за поголема загаденост. Високо загаден е воздухот во Битола, Охрид, Кичево, Берово, Струмица, Кавадарци, Велес, делови од Скопје и Лазарополе.
Тетово, Прилеп и Гостивар се средно загадени, а ниско загадено е Кочани и Куманово многу ниско. Прашина од Сахара има во повеќе земји во опкружувањето.
Сахарски песок деновиве имаше и во Хрватска.
foto freepik.com