30 Јуни, 2024
0.0350

СУДЕЊЕТО ЗА СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ОДЛОЖЕНО: Каевски е на домашно лекување

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на Агенција за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Извор и Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот