30 Јуни, 2024
0.0337

Максим Димитриевски: Меѓународен притисок веќе никој не може да врши, Македонците се обединети

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на „Знам“, Максим Димитриевски, денеска во гостувањето во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека меѓународниот фактор повеќе не може, односно не врши притисок врз извршната власт затоа што по изборите резултатот е „обединување на Македонците“.

- Вие повеќе немате огромен простор како во минатотот некој да ви врши притисок континуирано од надвор и внатре. Други беа околностите пред овие избори, други се околностите денеска. Ако забележувате и односот на меѓународната заедница е делумно променет кон актуелната власт. Тоа е затоа што за прв пат по подолг временски период имате еден историски момент каде што на маса во иста власт седат „потомци на комити и партизани“. Првенствено, сега Македонците се многу побединети. Кога се тие обединети, во очите на меѓународниот фактор непатат се гледаат поинаку, тврди градоначалникот на Куманово.

Димитриевски рече дека немал амбиции да стане министер за одбрана, бидејќи неговата цел била првенствено да оствари добар резултат на претседателските избори.

- Не сум се борел во политиката за добивање на позиција, туку за можност да се оствари резултат. Поедна и пол година од мандатот како градоначалник ќе видиме какви ќе бидат трендовите. Имам обврски кои треба да ги исполнам кон Куманово, смета Димитриевски и додаде дека една и пол година е преголем период да се задолжи в.д.градоначалник во една општина.

Тој вели дека поздраво за „Знам“ би било како нова партија да ја започне својата политичка улога како опозиција, но директно влегол во власта на барање на граѓаните и откако ВМРО-ДПМНЕ ги прифатил условите да не се прави влада со ДУИ и уставните измени да се изгласаат со условно одложено дејство со гарантиран напредок во евроинтеграциите.

- Во самата кампања добив многу апели и барања од граѓаните да обезбедиме едно стабилно политичко мнозинство на македонскиот блок и истоивремено да се најде фер партнер како репрезент на моноетничките албански партии, што во овој случај е ВЛЕН. Ние влеговме во разговори за политичките и идеолошките разлики. Ние сме сепак партија што оди од политичкиот „центар“. кон лево. Но денес се е испомешано, изјави лидерот на „Знам“.

Можеби ќе ве интересира

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот