07 Октомври, 2024
0.0244

„Вистинска мудрост е да знаете дека не знаете ништо“-Големите мудрости на Сократ

Објавено во: Стил 29 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Не запишал ниту една единствена реченица, но мудростите на Сократ и денес-повеќе од 2000 години подоцна - се пренсуваат и се учат со внимание и почит.

Не бил згоден ниту богат, немал благородно потекно, а ниту врвно образование па сепак, и денес неговото име е прва асоцијација на мудрост. Сократовата мудрост често се нарекува „мудрост на скромноста“, а првата лекција јасно покажува и зошто.

Вистинска мудрост е да знаете дека не знаете ништо.

-Јас сум најмудриот човек бидејќи знам дека ништо не зна. Да знаете значи дека ништо не знаете. Тоа е вистинското знаење. Знам дека сум интелигентен, бидејќи знам дека ништо не знам. Ќе ја спознаеме вистинската мудрост кога сфатиме колку малку разбираме за животот, едни со други, светот околу себе.

Ова се најинтересните мудрости на Сократ кои денеска ги споделуваме со вас.

1.Единствената вистинска мудрост е во сознанието дека не знаете ништо.

2. Неосознаениот живот не вреди да се живее.

3. Има само едно добро – знаењето, и само едно зло – незнаењето.

4. Јас не можам да научам никого на било што. Можам само да направам да почнат да мислат.

5. Биди љубезен, бидејќи секој кој го среќаваш минува низ тешка битка.

6. Силните умови зборуваат за идеи, просечните умови за настани, а слабите умови за другите луѓе.

7. Ожени се по секоја цена. Ако најдеш добра жена, ќе станеш среќен човек, а ако најдеш лоша, ќе си станеш философ.

8. Тој кој не е задоволен со тоа што го има, не би бил задоволен ни со тоа што би сакал да го има.

9. Ако не го добиеш тоа што го посакуваш, страдаш. Ако го добиеш тоа што не го сакаш, страдаш. Дури и ако го добиеш точно тоа што го посакуваш, пак ќе страдаш бидејќи нема да може вечно да биде твое. Страдањето е во твојот ум. Тој сака да биде ослободен од промените, ослободен од болката, од обврските на животот и смртта. Но промената е закон и колку и да се преправате ништо нема да ја измени таа реалност.

10. Понекогаш градите ѕидови не за да ги држите луѓето надвор од вашиот свет, туку за да видите кој е тој на кој му значите доволно за да ги разбие и влезе внатре.

11. Чудењето е почеток на мудроста

12. За да се најдеш себеси, мисли сам.

13. Образованието е искра на оган, а не полнење за сад.

14. Спознај се себеси.

15. Тој кој сака да го придвижи светот, прво нека се придвижи себеси.

16. Тајната на среќата, знаеш, не се напѓа во тоа да бараш повеќе, туку во развивањето на способноста да уживаш во помалку.

17. Тајната на промената е во сосредоточувањето а сета твоја енергија не во борбата со старото, туку во изградбата на ново.

18. Јас не сум ни Атињанин ни Грк, туку сум граѓанин на светот.

19. Го претпочитам знаењето пред богатството, бидејќи второто е минливо, а првото е вечно.

20. Да се разбере прашањето е половина одговор.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни