19 Декември, 2025
0.0765

„Витаминка“ на полугодие со раст на приходите од 5%

Објавено во: Економија 19 Август, 2016 17:52

Добивај вести на Viber

Прилепска Витаминка оствари раст на приходите од 5% во првото полугодие од тековната година, покажаа резултатите на компанијата.

Остварените единечни вкупни приходи во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 839.237 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие од 2015 година, на износ од 800.362 илјади денари бележат раст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од основната дејност, кои во споредба со остварените во 2015 година, бележат раст од 5%.

Eдинечнитe вкупни расходи, пак во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 799.179 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие од 2015 година бележат раст од 7%.

Растот на вкупните расходи е резултат на порастот на трошоците на производство согласно зголемениот приход и благо зголемување на одредени групи на трошоците, во споредба со направените во 2015 година.

Што се однесува до дивидендата пак, на годишното собрание на акционерите на оваа компанија е добрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година на износ 11.088 илјади денари односно 144,53 денари бруто за една акција.

Нето дивиденда за 2015 година изнесува 130,07 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 159.473 илјади денари. Инвестициите се во насока на модернизација и автоматизација на производните линии и зголемување на производните капацитети на друштвото.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба