17 Декември, 2025
0.0551

„Визер“ тврди: Нема неправилности во договорот со аеродромот во Белград!

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2014 20:05

Добивај вести на Viber

Нискотарифната унгарска авиокомпанија „Визер“ ги демантира сите наводи за штетност на договорите склучени со аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, заради кои денеска беше уапсен директорот на овој аеродром Велимир Радосављевиќ. Во соопштението од компанијата се наведува дека патничкиот авиосообраќај на белградскиот аеродром бил зголемен за повеќе од 800% во периодот меѓу 2010 и 2013 година, додека вкупниот сообраќај на аеродромот во тој период се зголемил само за 31%. „Ова, наспроти неточните тврдења, покажува дека токму „Визер“ беше моторот за раст на бројот на патници“, смета авиокомпанијата. „За жал, српските патници и оние од другите земји кои летаат од Белград сега ќе имаат помал избор на летови, односно изборот ќе им биде стеснет на една опција - монополистот во обид „Етихад/Ер Србија“, се наведува во соопштението. Унгарската авиокомпанија смета дека обвинувањата за штетен договор со белградскиот аеродром намерно доаѓаат во момент кога, како што тврдат, договорот на „Ер Србија“ со „Етихад“ е под лупа на ЕУ и кога Комисијата за контрола на државната помош на Србија објавила дека Етихад/Ер Србија им е одобрена нетранспарентна шема на субвенции, според која на аеродромот во Белград плаќаат речиси нула динари аеродромски такси. Српските власти претходно денеска го уапсија директорот на „Никола Тесла“ Радосављевиќ под сомнение дека со злоупотреба на службена положба склучил штетен договор и понудил недозволени поволности за „Визер“.  Радосављевиќ е задржан во притвор 48 часа.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии