Вкупната продажба на „H&M“ во последните девет месеци надминала 13 %
Објавено во: Стил
15 Јули, 2013 14:31
Добивај вести на Viber
Најголем скок досега, во последните девет месеци забележа продажбата на шведскиот ланец на продавници „Hennes & Mauritz“, објавија од компанијата.
Продавниците кои се отворени една година и подолго забележале поголема продажба за 3 % во однос на истиот период лани, а пресметано во локални валути, а вкупната продажба надминала 13 %.
Извршниот директор на шведската компанија, Карл Јохан Персон, ја потенцира неочекувано добрата распродажба на новите модни линии. Тој, сепак, предупреди дека можната причина за тоа е невообичаеното ладно време во тој период од годината.
Во компанијата не ги кометираа податоците за продажбата во јуни. На крајот на јуни, „H&M“ имаше вкупно 2,926 продавници, 330 повеќе од крајот на јуни минатата година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: