Вкусови кои ги топат вашите пари!
Објавено во: Стил 26 Септември, 2013 09:30
Секој производ има своја цена. Но, дали вашиот џеб е доволно длабок за овие производи кои на пазарот имаат превисока вредност?
Шафран
Шафранот е најскапиот зачин бидејки за да се добие еден килограм потреби се 75.000 цветови. Тоа во волумен би било колку пет олимписки базени. Шафранот треба да се бере од раните утрински часови од 10 часот бидејки може да ја изгуби бојата и аромата. Цената му е од 80-800 евра за килограм.
Макадамија Го викаат австралиски орев. Тој има прекрасен вкус посебно во крем или во чоколадо. Дрвото ги раѓа своите плодови после десет години, па затоа има висока цена. Цената се движи 25 евра за килограм.
Кавијар
Сите врсти на кавијар немаат иста цена. Крал на кавијарите и по цена и по вкус е Белуга. Се добива од риби чии што предци живееле уште од времето на Јура. Со оглед на староста на потеклото на овие икри (120 милиони години) оправдана е и цената од 4,000 евра.
Тартуфи
За еден килограм можете да платите и околу 1500 евра, но како специјалитет може да ве чини и до 4,000 евра. Растат бавно, под земја и се наоѓаат само со издресирани кучиња. Постојат два вида: црн и бел тартуф. Белиот достигнува највисока цена на пазарот.
Чоколадо
Најскапото чоколадо на светот се вика “Chocopologie by Knipschildt” и се произведува во САД. За 453 грама теба да платите 2,600 евра.
Сирење
Најскапото сирење во светот се произведува на фарма во Србија и чини 1,000 евра за килограм. Се прави од магарешко млеко. Високата цена се должи на количината млеко за добивање на ова сирење (за 1 кг сирење се потребни 25 килограми млеко ).
Компир
Овој компир расте на француски остров и годишно се произведува само 100 тони. Еден килограм достигнува цена и до 500 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:







