18 Мај, 2024
0.0278

ВЛАДА: Индустриски зони ќе се градат и во Берово и Виница

Објавено во: Економија 29 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија донесе две одлуки за формирање на две нови технолошко-индустриски развојни зони во источниот дел на Република Македонија, од кои што едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата во близина на Берово, објави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Согласно одлуката на Владата, технолошко - индустриската развојна зона во Виница ќе биде лоцирана во близина на градот Виница, на 4, 5 километри од градот, во место викано Поповец, и таа ќе се протега на површина од 21,04 хектари. Технолошко-индустриската развојна зона Берово ќе биде лоцирана на јужната страна на градот Берово на регионалниот пат Берово - Дабиле, во место викано Шушлевец, и ќе се протега на површина од 17, 38 хектари. „Нашата цел е да се пристапи кон една динамична и интензивна работа чија што цел е во што побрз период да бидат комплетирани овие зони. Согласно акцискиот план, за двете зони, и во Виница и во Берово, се предвидува веќе во месец август да биде распишана постапка за избор на компанија која ќе ги гради зоните, а почетокот со градежни работи е предвиден веќе за месец септември 2014 година. По почетокот на градбата на зоните се очекува веќе до крајот на годината да биде завршена првата фаза од градба на зоните, односно тие да бидат доведени во состојба да може веднаш по потенцијалното носење на одлука од некоја странска компанија за отворање на капацитет во овие зони да може да се пристапи кон изградба на микролокацијата за изградба и сместување на капацитети каде што би се одвивал бизнисот“, информира Ѓорѓиев. За овие фази од основањето и градбата на зоните Владата има предвидено 1 милион евра. „Градбата на овие зони е добра можност за македонските компании кои имаат интенција да учествуваат во градба да ги проучат условите и можностите и да конкурираат за избор, и на тој начин потенцијално да придонесат за својот бизнис“, смета владиниот портпарол. Владата очекува дека со овие две зони во Виница и Берово се остварува диверзификација на можностите за привлекување на странски инвеститори, се создаваат услови за локален економски развој на овие општини и економски развој во овој регион од државата, како и за отворање на нови работни места. Во текот на месец август 2014 година ќе се отпочне со градба на ТИРЗ Радовиш која ќе се протега на површина од 10 хектари, и на ТИРЗ Струга која ќе се протега на 30 хектари. Во текот на минатата недела е распишана и постапка за избор на компанија која ќе ја гради и ТИРЗ Ранковце која ќе се протега на 40 хектари површина. За последната, петнаесеттата зона која треба да биде лоцирана во Делчево се очекува да биде донесена одлука за основање во третиот квартал од годината и да се отпочне со градба до крајот на 2014 година.  

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа