03 Април, 2025
0.2558

„ВЛАДАТА ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ во среда излегува на протест

Објавено во: Економија 31 Март, 2025 17:57

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот. 

Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“.

Како што информира денеска ССМ, јавната седница е по одлука на Претседателството на ССМ од 28 март годинава со цел да се изрази јавното мислење поради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање. 

- Пратениците во Собранието избрани од работниците да го предложат и гласаат предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и зголемување на сите останати плати во приватниот сектор со зголемувањето на минималната плата. Да не гласаат Закони со кои се намалуваат работничките права на штета на работниците, онака сложно како што не гласаат Закони за намалување на нивните привилегии - се вели во соопштението. 

Според ССМ, газдите од Стопанската комора да ја прифатат подадената рака на работниците за зголемување на платите со цел задржување на квалификуваните работници во земјава поради тоа што, како што наведуваат, најмалку 15.000 работници и граѓани ја напуштаат Македонија секоја година, па доколку не се зголемат платите, тие ќе бидат главниот виновник за егзодус на работниците од Македонија.

- Владата да застане на страна на работниците, да престане да одлучува еднострано на штета на работниците, да го почитува социјалниот дијалог и да ги запре нападите кон синдикатите и обидите да се замолчат работниците. Владата како најголем работодавач, да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, гранските колективни договори, колективните договори на ниво на работодавач, како и да ги усогласи со минималната плата согласно посебните закони, стои во соопштението од ССМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 500 евра, но и зголемување на другите плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 500 евра, но и зголемување на другите плати

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЌЕ ИМА НА 24 АПРИЛ: „Соравиjа“ оди на продажба преку извршител!

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЌЕ ИМА НА 24 АПРИЛ: „Соравиjа“ оди на продажба преку извршител!

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА: Франција е најдобра, но кои земји се со најлош резултат?

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА: Франција е најдобра, но кои земји се со најлош резултат?

Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија

Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија

ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“

ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“

ТРЕНДАФИЛОВ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк и протести

ТРЕНДАФИЛОВ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк и протести

„Магна“ во Штип почна со работа

„Магна“ во Штип почна со работа

Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата

Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата

ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАЈАВЕНИТЕ ТАРИФИ - Што се знае за планот на Трамп за огромни царини?

ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАЈАВЕНИТЕ ТАРИФИ - Што се знае за планот на Трамп за огромни царини?