19 Декември, 2025
0.0483

Владата денес ќе прогласи вонредна енергетска криза

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

Денеска Владата на редовната седница треба да прогласи вонредна енергетска кризна состојба. Рестрикции на струја нема да има, според најавите од Министерството за економија, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, прес се МЕПСО и АД ЕСМ.

Во новата уредба се попрецизно пропишани работите во надлежност на Комисијата која ќе треба да се формира за следење на состојбата. Учесниците на пазарот ќе бидат должни на секој можен начин да прибават енергија со која ќе се покрие недостатокот. Освен хавариска испомош, дополнителен увоз и ангажирање резерви, се отвора можност за обезбедување дополнителни финансиски средства преку репрограмирање на побарувањата од балансно одговорните страни, како и ослободување од обврската за гарантирање на балансната одговорност. Ова значи покривање на “дупките” создадени од дебалансите со буџетски средства, односно употреба на парите на граѓаните за справување со последиците на крајно недомаќинскиот однос во енергетскиот сектор и отсуството на стратегија во секторот со години наназад, велат експертите.

Кризна состојба, како што претходно најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на денешната владина седница, а треба и да се знае колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании.

Според Бектеши, Владата има средства за да интервенира и во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од буџетот, но најверојатно се работи за сума од 100 милиони евра, пари кои останаа непотрошени за ковид-кризата.

Во меѓувреме АД ЕСМ продолжува да купува струја за домаќинствата, откако РЕК Битола поради технички проблем престана да работи со единствениот блок кој произведуваше електрична енергија. Куштрим Рамадани, директорот на МЕПСО, пак рече дека на компанијата и се потребни барем 30 милиони евра во моментов.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии