18 Декември, 2025
0.0369

Владата го раскинува договорот со „Сархемс“, контроверзниот милионски проект нема да се реализира

Објавено во: Економија 10 Декември, 2020 07:15

Добивај вести на Viber

Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик. 

Ова е наведено како една од точките на последната владина седница каде се споменува „започнување на постапка за раскинување на Договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“.

Единствено досега беше познато дека „Сархемс“, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство пред неколку месеци, но што се случувало понатаму останува недоречено, бидејки потпишаниот договор беше недостапен за јавноста. 

Владата во декември минатата година потврди дека е потпишан договорот со компанијата, која требаше да нуди бесплатна медицинска помош како еден вид „воздушна болница“, а за тоа, по некоја логика, да наплаќа од осигурителните компании. Според минатогодишните најави на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го туркаше овој проект, по половина година од потпишувањето на договорот, партнерот беше должен да набави два хеликоптери за помош и спасување и да ги остави за државата кога ќе истече рокот на партнерството.

Единствено досега е познато дека државата требаше да обезбеди државно земјиште за изградба на хелиодромите од страна на оваа компанија. „Сархемс“ е компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB, регистрирана во Шведска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за грабеж тежок 72 милиони евра. додека Рашковски тврдеше дека овој договор нема да ја чини државата „ни денар“.

„Праксата вели дека ваквиот тип на услуги се наплаќаат преку договори со осигурителни компании. На осигурителните компании им е полесно да платат одредена такса и нивните осигуреници да имаат таков вид на помош во таа држава, отколку да плаќаат скапи поединечни ангажмани на хеликоптерски услуги на договорна база. Друг начин на наплата, е компаниите да го вметнуваат осигурувањето во зелените картони на автомобилите и во таков случај исто заштедуваат средства“, објаснуваше лани Рашковски по објавениот јавен повик и изборот на приватниот партнер.

За работата на хеликоптерската прва помош, генералниот секретаријат изработи и физибилити – студијата за Системот за хеликоптерско спасување. 

Според договорот, компанијата требаше да инвестира 9 милиони евра, а секоја година на државата да ѝ плаќа 10.000 евра. Интервенцијата на хеликоптерите требаше да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа