Владата ја помага ИВЗ во корона-кризата со субвенционирање на 140 плати за вработените
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021 07:20
Владата на неколку пати исплаќала плати за 140 вработени во Исламската верска заедница како
државна помош за надминување на кризата во
ковид-периодот. Исламската верска заедница е влезена во списокот
меѓу стотиците претпријатија кои добиле помош од државата за исплата на
вработените.
По два милиони денари ИВЗ редовно добивала на својата сметка во првиот циклус во мај, јуни и јули, а истата исплата продолжила и во декември и јануари оваа година. Иако станува збор за субјект кој не остварува профит и не учествува во стопанството, од Владата велат дека сепак тоа е организација која има свои вработени.
„Согласно
Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од
здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 за исплата на плати на
работниците, работодавач е секој правен субјект кој вработува работници врз
основа на договор за вработување, физичко лице кое вработува работници врз
основа на договор за вработување и работодавач корисник согласно Закон за
приватни агенции за вработување.
Во овој случај Исламска верска заедница како правен субјект со 174 вработени,
поднела барање за финансиска поддршка за 140 вработени и ги исполнила условите
за добивање на поддршката“, потврдуваат од Владата во одговорот кој го доби
„Фактор“.
Верската организација, според она што може да се провери, е меѓу првите 40-тина баратели на државна помош според висината на исплатата која ја добиваат од државата. Сумите на највисоките исплати се движат од помалку од 10 милиони денари месечно па надолу.
Пред ИВЗ, која делува како натрапник меѓу стопанствениците, највисоките исплати ги добиваат казина, хотели и други услужни дејности, конфекцијата, пекарници, градежници, поштенски услуги и дејности од трговијата, човечките ресурси и спортот.
A.K.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




