19 Април, 2024
0.0308

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Објавено во: Анализа 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Засега не се познати повеќе детали од вчерашната нова рунда на разговори за спорот за името одржани во Њујорк, откако македонскио преговарач Васко Наумовски само истакна дека предлогот на Нимиц бил далеку од достоинствен и дека не е уверен дека можно е прифатливо решение. 

Сепак, поради важноста на процесот „рамката“ на Нимиц ќе биде разгледана од страна на Владата на Република Македонија од каде велат дека и понатаму се посветени на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

„Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите. Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба.По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“ соопштија од страна на Владата.

Во меѓувреме медијаторот Нимиц изрази оптимизам дека решение конечно ќе се постигне, но на што точно го базира ова предвидување засега е тешко да се каже бидејќи нема детали од преговарачкиот процес и во овој момент и подобро е тоа да остане така бидејќи дипломатијата се уште има можност да делува до позитивен исход.

Денеска во Скопје ќе се реализираат средби на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со државниот врв на кои ќе биде изразена поддршка за членството на Македонија, но и секако неопходноста спорот со Грција да биде решен.

Инаку од грчка страна пренесуваат дека Македонија поставила нови пречки во спорот цитирајќи ја изјавата на преговарачот Наумоски кој истакна дека името е Република Македонија, дека нацијата и јазикот се македонски во однос на поставената рамка на Нимиц.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!