18 Декември, 2025
0.0585

Владата ќе купува банкарски имот од „Македонија табак“ за АНБ

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Владата дала одобрение да се купи дел од недвижниот имот на поранешна „Македонија Табак“, кој сега е во сопственост на една од деловните банки во Македонија како поранешна хипотека, за во истата да се смести Агенцијата за национална безбедност.

Според она што е објавено во „Службен весник“, се планира да се купат од 2.000 до 2.100 метри квадратни за агенцијата која произлезе од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Владата на седницата на 26 октомври донела одлука Агенцијата за национална безбедност да ја изврши оваа набавка како објект за сместување која ќе ги задоволува безбедносните стандарди за седиштето на агенцијата. Местоположба треба да биде на подрачјето на катастарска општина Кисела Вода 2, во градот Скопје.

Набавката на недвижнината треба да се изврши по пат на прибирање на понуди, со објавување на јавен оглас. „Трета Македонска ударна бригада 20“ уште од пред две години е најпогодната локација за седиште на АНБ, но не беше познато дека треба да се докупува имот од поранешно „Македонија табак“.

Во комплексот се сместени Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансирање на земјоделството и руралниот развој, но тие поради безбедносните стандарди ќе треба да се отселат и за двете институции се бараат нови локации.

Директорот на АНБ, Виктор Димовски, не информираше дека огласот веќе е објавен во дневните весници во саботата, а цената по метар квадратен без данок не треба да надмине 90.000 денари по метар квадратен.

Во моментов АНБ, формирана во 2019, е на иста адреса со Министерството за внатрешни работи. 

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?