19 Декември, 2025
0.0598

Владата ќе купува зграда што вреди 14 милиони евра за да заштеди државата на кирии

Објавено во: Економија 21 Декември, 2020 07:15

Добивај вести на Viber

Проценетатата вредност на зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448, а Владата ќе ја купи за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици.

Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари,а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

„Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи“, гласи одговорот од Министерството за финансии.

Владата на седницата одржана на 10 декември 2020 година донесе одлуката за оваа набавка со непосредна согласност, а Бирото за судски вештачења ма 9 декември дало одговор дека зградата од проектот „Скопје 2014“ вреди 864.121.805 денари со пресметан 18 отсто ДДВ, според она што е подоцна објавено во одлуката во Службен весник. Зградата која треба да ја купи Службата за општи и заеднички работи на Владата е во вкупна површина од 6.770 метри квадратни.

Претпријатието наедно ги очекува овие средства за да си ја олесни финансиската ситуација, а покрај тоа, деловни простории од зградата која е во нејзина сопственост ќе бидат издавани како комерцијален простор и на АДСДП ќе му носи месечен приход од кирија.

Зградата која се наоѓа на улица „Филип Втори Македонски“ изградена е од сопствени средства на претпријатието. Во моментов е соодветна за вселување на неколку јавни институции кои би можеле да работат под условите кои ги овозможува објектот.

Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“. Изградбата на објектот кој е непосредно до Министерството за надворешни работи заврши во 2018, но и натаму е празна.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии