Владата ќе „одглавува“ со 200 милиони денари уште едно државно претпријатие
Објавено во: Економија 20 Август, 2021
АД „Водостопанство“,
претпријатието за наводнување и одводнување, станува уште еден државен
економски товар, затоа што не може на крај да излезе со исплатата на обврските
и со наплатата на побарувањата.
Владата подготвува пакет помош од 200 милиони денари за акционерското друштво во државна сопственост, а тоа веќе било разгледувано на последната владина седница АД „Водостопанство“ поради проблемите со кои се соочува веќе побарало државна помош. И самиот премиер Зоран Заев рече дека парите ќе се префрлат до крајот на годината.
Загубата од 28 милиони денари на крајот од 2020 ја прикажува реалната состојба на „Водостопанство“. Еднаш веќе доби 600.000 евра од Владата на крајот од минатата година за полесно справување со последиците од пандемијата. Во 2019 претпријатието добило бескаматна позајмица од 1,5 милиони евра од Министерството за финансии, која до крајот на минатата година не е вратена иако рокот истекол.
АД Водостопанство до почетокот на април има вкупни побарувања од 506.милиони денари, или повеќе од 8,2 милиони евра. Побарувањата од колективи и поединци-купувачи се 292.086.042 денари, а има и утужени кон локалните комунални претпријатија, како што се од подружниците Липковско - Кумановско Поле, од каде се должи околу 150, и она во Кочани од каде не се платени повеќе од 50 милиони денари.
Според премиерот Зоран Заев, тоа ќе биде едно мултифункционално решение со кое ќе се излезе од ќорсокакот на долгови кои ги имаат локалните комунални претпријатија кон АД „Водостопанство“, а истовремено парите од Владата ќе послужат за инвестиции.
- Тоа се обврски од 2013-та наназад. Владата ќе помогне со 200 милиони денари, а другите 92 милиони денари „Водостопанство“ ќе ги избрише како застарени побарувања. За овие 200 милиони денари, „Водостопанство“ ќе си плати 10 како данок, а останатите 190 милиони ќе бидат за капитален развој. Во дел од тие програми ќе биде и регулацијата на Вардар и за регулација на други системи за одводнување кои што постојат во државата, но и санација и доизградба на системи за наводнување, рече вчера Заев при посетата на Јегуновце.
Инаку од почетокот на изминатата пролет претпријатието должи на повеќе страни 295 милиони денари, или безмалку 5 милиони евра. Околу 250 милиони денари се должат повеќе од 30 дена. Покрај основните обврски, се должи и кон ЕВН, кон Управата за јавни приходи и кон вработените.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.