19 Април, 2024
0.0279

Владата ќе „одглавува“ со 200 милиони денари уште едно државно претпријатие

Објавено во: Економија 20 Август, 2021

Добивај вести на Viber

АД „Водостопанство“, претпријатието за наводнување и одводнување, станува уште еден државен економски товар, затоа што не може на крај да излезе со исплатата на обврските и со наплатата на побарувањата.

Владата подготвува пакет помош од 200 милиони денари за акционерското друштво во државна сопственост, а тоа веќе било разгледувано на последната владина седница  АД „Водостопанство“ поради проблемите со кои се соочува веќе побарало државна помош. И самиот премиер Зоран Заев рече дека парите ќе се префрлат до крајот на годината.

Загубата од 28 милиони денари на крајот од 2020 ја прикажува реалната состојба на „Водостопанство“. Еднаш веќе доби 600.000 евра од Владата на крајот од минатата година за полесно справување со последиците од пандемијата. Во 2019 претпријатието добило бескаматна позајмица од 1,5 милиони евра од Министерството за финансии, која до крајот на минатата година не е вратена иако рокот истекол.

АД Водостопанство до почетокот на април има вкупни побарувања од 506.милиони денари, или повеќе од 8,2 милиони евра. Побарувањата од колективи и поединци-купувачи се 292.086.042 денари, а има и утужени кон локалните комунални претпријатија, како што се од подружниците Липковско - Кумановско Поле, од каде се должи околу 150, и она во Кочани од каде не се платени повеќе од 50 милиони денари. 

Според премиерот Зоран Заев, тоа ќе биде едно мултифункционално решение со кое ќе се излезе од ќорсокакот на долгови кои ги имаат локалните комунални претпријатија кон АД „Водостопанство“, а истовремено парите од Владата ќе послужат за инвестиции.

- Тоа се обврски од 2013-та наназад. Владата ќе помогне со 200 милиони денари, а другите 92 милиони денари „Водостопанство“ ќе ги избрише како застарени побарувања. За овие 200 милиони денари, „Водостопанство“ ќе си плати 10 како данок, а  останатите 190 милиони ќе бидат за капитален развој. Во дел од тие програми ќе биде и регулацијата на Вардар и за регулација на други системи за одводнување кои што постојат во државата, но и санација и доизградба на системи за наводнување, рече вчера Заев при посетата на Јегуновце.

Инаку од почетокот на изминатата пролет претпријатието должи на повеќе страни 295 милиони денари, или безмалку 5 милиони евра. Околу 250 милиони денари се должат повеќе од 30 дена. Покрај основните обврски, се должи и кон ЕВН, кон Управата за јавни приходи и кон вработените.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите