Владата ја купува зградата на АД ЕСМ, веќе му даде милион евра
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2021 07:15
Владата ja купува зградата на АД ЕСМ во строгиот центар на Скопје, а за тоа му даде милион евра на Електрани на Северна Македонија како аванс. Остатокот од вредноста на зградата ќе биде исплатен понатаму.
По сличен пример Владата за 10 милиони евра ја купи зградата од АД за стопанисување со станбен и деловен простор и потоа му ја отстапи на Министерството за политички систем и односи со заедниците. Засега не е познато кои институции би ги вселила Владата кога ќе се дооткупи останатиот дел од објектот кој е на атрактивна локација а во моментов нема целосна фасада.
Одлуката е донесена на владина седница на 29 декември за одобрување на средства од буџетот за 2020 година во износ од 61.000.000 денари, а трансакцијата е веднаш извршена по два дена, односно на последниот ден од минатата година, без посебно известување до јавноста.
„Владата на Р. Северна Македонија на крајот на 2020г му исплати на АД ЕСМ 1.000.000 евра на име аванс за купување на управната зграда на АД ЕСМ лоцирана на плоштадот Македонија-Скопје. Останатите средства за купопродажбата ќе бидат исплатени по завршување на официјалната проценка на вредноста на објектот.
Во 2020г АД ЕСМ, по задолжение од Владата, го откупи делот од зградата кој беше во сопственост на АД ЕВН, (кој му припаднал на ЕВН со распределбата на имотот по раздружувањето на поранешното државно Електростопанство).
ЕВН располагаше со 50% од зградата, кои АД ЕСМ ги откупи за 2.375.100 евра, по што зградата премина во целосна сопственост на ЕСМ“, гласи одговорот од компанијата кој го добивме.
Седум години зградата каде до пред една година беше сместена ЕВН, а сега ја користи само државната компанија ЕСМ, е без целосна фасада, откако старата беше отстранета во 2013 од претходната власт.
Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, пролетта рече дека од ЕВН се купени четири ката од зградата, дел од приземјето и земјиштето под зградата за 2,2 милиони евра и дека се работи на надворешниот изглед.
А:К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




