Владата на АЕК му земала половина милион евра лани
Објавено во: Економија 21 Април, 2022 07:30
Агенцијата за електронски комуникации втора година по ред е донатор на Владата. Овој пат изминатата година и биле исплатени половина милион евра, или поточно 31.732.385 денари, пишува во извештајот на регулаторот за 2021.
АЕК во 2020 беше донатор на Владата со 20 милиони денари, во помалку чудна трансакција ако се знае дека регулаторот на мобилните и кабелските оператори вообичаено ги помага граѓанските и јавно-општествените институции, а се финансира преку мобилните оператори, односно преку сметките кои ги плаќаат граѓаните.
Вкупните донации на ова регулаторно тело во 2021 изнесувале околу 1,1 милиони евра, за разлика од 2020 кога ваквиот тип на помош изнесуваше 2 милиони евра. Тогаш беа исплатени 55 милиони денари за Кови-19 фондот.
Покрај редовното финансирање на Оперативно-техничката агенција, АЕК во 2021 издвоил и дополнителна донација за оваа институција од 25 милиони денари. Една година претходно беа издвоени 20 милиони денари од АЕК за ОТА на барање на Владата.
Од останатите примени донации, главно се трансферирани кон универзитети, а најмногу - 3.264.400 за Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
АЕК во 2021 имал вкупни приходи од 10 милиони евра, а прикажаните расходи покажуваат дека биле потрошени 13 милиони евра.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




