ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025 16:29
Индонензија стана членка на БРИКС.
Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, сeга е полноправна членка на БРИКС, објави во понеделникот владата на Бразил, која го презеде претседателството со групата на 1 јануари.
Влезот на Индонезија во БРИКС го одобрија земјите-членки врз основа на консензус за проширување на организацијата, што беше одобрено на самитот во Јоханесбург во 2023 година. Апликацијата на Индонезија беше одобрена таа година, но беше наведено дека земјата ќе го заврши процесот на пристапување по претседателските избори. Прабово Субианто ја презеде функцијата шеф на индонезиската држава во октомври 2024 година.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




