19 Декември, 2025
0.2341

ВЛАДАТА НА ТЕСТ: Има ли знаење да се спречат вакви катастрофи?

Објавено во: Економија 09 Август, 2016 08:45

Добивај вести на Viber

Надлежните институции треба да преземат итни мерки за воспоставување интегриран систем за заштита од поплави, оти според прогнозите поројните дождови во следниот период ќе станат се почести, предупредуваат експертите. Според професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет, во превенцијата и справувањето со последното невреме надлежните институции потфрлија. „За жал не постои доволна превенција за разлика од оној период на 70-тите 80-тите години кога имало големи пошумување и изградба на брани.Сега тој елемент е запоставен.Дури откако ќе се случат вакви штети повторно се навраќаме кон тие елементи. Не постои доволно добар систем за дојавување, известување тревожење. Би било многу добро во такви ситуации да има координација и комуникација меѓу Центарот за управување со кризи и на пример мобилните оператори преку кои ќе се испраќаат пораки па и до сите, дека на одредени ризични точки постои опасност, дека е можно да се случи одредена катастрофа со што би биле избегнати ако не друго барем човечките жртви“, вели универзитетскиот професор Милевски. Експертите велат дека се потребни серија мерки особено на подрачјето каде што последните поројни дождови направија огромни материјални штети, а 21 лице го изгубија животот. Сметаат дека доколку се преземат само дел од превентивните мерки штетите би биле десеткратно помали од тие што сега се случија. „Ова не е прв пат да се случува вакво невреме.Секогаш и претходните години тој дел Стајковци, Сингелиќ, наслебата Ченто кон Арачиново имале проблеми и затоа е потребен интегриран пристап и соодветна екипа која што ќе предложи мерки и превентивнтивни и во однос на градежни мерки за да не се случуваат вакви работи. Некои велат природната катастрофа толкава количина на врнежи, меѓутоа сигурно ќе имало материјални штетите но сигурно десеткратно помали од она што се случи.Значи потребно е пошумување колку што може, вегетациско покривање на јужните падини на Скопска Црна Гора каде што се тие порои, расчистување, проширување на дренажните канали, обезбедување на слободен протек кон главната река. Потребни се серија мерки во самото градско подрачје, потребни се што повеќе зелени површини, коридори каде ќе се врши одводнувањето, замена на постојната атмосферска канализација со таква која што може да прими многу поголема количина на вода. И ова се само еден дел од мерките кои мора да бидат преземени итно оти велам повторно е можно веќе во есенскиот период некаде во ноември, се очекуваат повторно силни врнежи може не со ваков интензитет но е можно да има силни врнежи, вели Милевски. Експертите порачуваат во надлежните институции да се вработи стручен кои ќе знае какви тимови треба да формира за спречување и превенција од вакви временски непогоди. Дали само природата е виновната за катастрофата? Најпогодени од невремето беа наслебата Ченто, Арачиново, Стајковци, Инџиково. Според Милевски точно е невремето не можеше да се спречи, но не е само природата винова за катастрофата. Доколку постоеја соодветни дренажни канали и регулации штетите ќе беа помали и немаше да има човечки жртви, вели Милевски, а дел од причините ги лоцира во обешумените јужни падини на Скопска Црна Гора и слабата пропустна моќ на обиколницата. „Некој ќе каже природна непогода, но ќе кажам пример во Риека пред неколку години имаше 250 милиметри дожд за два три часа но немаше никкава материјална штета оти превентивно беа изработени дренажни канали, одлична атмосферска одводна канализација, така што шетите беа минимални а врнежите беа три до четери пати поголеми од овие во Македонија“, посочува Милевски. Причината за штетите во главниот град, се лоцира во несоодветната атмосферска канализацијата, големата бетонираност на градот, отсуството на зелени површини. „Атмосферската канализација е предвидена за некаде околу 200 до 300 илјади жители, но сега Скопје со градбите во градот и во околината да кажам со сите бесправни градби 500, 600 илајди па и повеќе жители.Има огромен број на објекти, огромен број на бетонирани површини, а бетонираните површини се водонепропустни оти на нив се слива огромна количина на вода која што бара пат некаде да излезе од тој простор. Ако се најде пат во вид на атмосферска канализација со доволен пречник и апсорбциона моќ, состојбата може да биде во ред. Но кај нас случајот особено на ниските депресивни точки во градот каде што и подземните води се доста високи доаѓа до собирање на огромна количина на вода, таа нема каде да замине оти реков препотеретена е атмосферкста канализација не е димензионирана за таков проток, и на тој начин настанува излевање и заезерување на тие точки, кое што може да биде причина за големи материјални штети па и човечки загуби, вели Милевски. Граѓаните ги плаќаат комуналиите, а атмосферската не се гради Архитектите предупредуваат дека динамиката на градежната експанзија што се случува изминатите години не е во корелација со капацитетот на инфраструктурата.Дел од причините кои придонесуваат за поголеми штетите од вакви елементарни непогди ги лоцираат во неконтролираното градење кое се сведува само згтабување на што поголеми површини, а не се внимава на водоводната инфраструктура. Грѓаните плаќаат за водоводна инфраструктура граѓаните ги плаќаат комуналиите, а атмосферската не се гради, архитектите. „Градежна експанзија е добра работа за една земја доколку таа е потребна и контролирана. Проблемот е во неконтролираното градење, во катастрофалните урбанистички планови каде единствено се сведува на поголема површина на градење. Во урбанистичките планови постои атмосферска канализација, но многу често предвидена и со децении останата само на предвидена. Граѓаните ги плаќаат комуналиите, а атмосферската не се гради. Динамиката за градење не е во корелација со инфраструктурата. Вообичаено се гради на стара постоечка инфраструктура планирана и димензионирана за многу помалку објекти и жители. Многу често во Скопје се случува атмосферската канализација да се поврзе во фекалната бидејќи атмосферска не постои и тоа во градските населби. Урбанизмот е наука која планира и превенира вакви непогоди. Затоа треба да се остават професионалци да си ја вршат својата работа, да се почитува мислењето на стручната јавнот, да престане да се менува Закон за просторно планирање, ГУП и ДУП за дневна употреба, за што одлучува мнозинство на советници по општините, а се тотални непознавачи за она што го одлучуваат, на чело со градоначалниците“, вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседателката на Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Архитектите порачуваат надлежните да преземат итни мерки за спречување на дивите градби кои дополнително придонесуваат за штетите од временските непогоди. „Во нормални земји основен приоритет е да се спречи дивата изградба. Кај нас згора на се се донесе Закон за легализација на бесправно изградени објекти за 1 евро м2 во населби каде нема ДУП. Чист популизам. Тие објекти се најголема опасност во сите природни непогоди и за самите жители и за околината. Токму тоа и се случи, најголем број на штети и настрадани се токму во овие населби. Недозволиво е да се менува Закон за регулација на води изготвен од Обдинети Нации само за да се изградат глупостите во Вардар. За трагедијата да биде поголема слушнав дека Европската унија ќе испратела два експерта да ни ја видат атмосферската канализација. Па тоа е како да сме диво племе во Африка, сигурно и така изгледаме по се она што го направивме. Ние имаме доволни стручни инженери, но за жал нивното мислење ниту се бара ниту се почитува.Ова треба да ни биде последна опомена, бидејќи последиците се кобни. Нас ни Вардар не ни си излеа, сеуште за среќа, а имаме огромен број жртви. Природни непогоди секогаш се случувале и ќе се случуваат. Нас човечката глупост ни е најголема непогода. Ако за ништо друго тогаш за човечките животи мора да се понесе одговорност, бидејќи и точно се знае кој е виновен, а тоа не е природата, вели Раѓеновиќ Јовановиќ. Зошто попушти скопската северна обиколница? Катастрофата беше најголема на скопската северна обиколница. Поројните дождови ги носеа и ги расфрлија автомобилите низ нивите, автопатот се распука, банкините се скршија. Многу луѓе токму на оваа место едвај се спасија, а дел од загинатите токму на ова место ги загубија животите. Зошто оваа обиколница беше црна точка и најпогодена, кој треба да понесе одговорност, дали има грешки во градбата, дали се внимавало на одводните канали? „Морало да се води сметка дека со оглед на тоа каква е конфигурацијата на теренот источно и североисточно од обиколницата мора да постојат соодветни водозафати покрај автопатот, под автопатот и тие да продолжуваат кон поголемите собирни дренажни канали, реки кои би се одведувала водата кон главниот рецепиент, а тоа е реката Вардар. Но овие работи не се исполнети. Не знам со колкав точно проток се сметало кога е градена обиколницата но вообичано треба да се земе и можноста за ваква количина на врнежи, 90 па дури и до 120 милиметри на метар квадратен дневно и при тоа да имало соодвтена димензионираност на одводните канали под сообраќајницата но и возводно кон самите порои мислам дека многу полесно ќе дојде до протекување на водата во поголемите дренажни канали а преку нив до реката Вардар.Вака се направи еден застој кој што предизвика натрупувањње на огромна количина на вода, според нашите проценки околу два до три милиони метри кубни вода од обиколницата до подножјето на Скопска Црна Гора што е навистина како една помала вештачка акумулација, и тоа предизвика огромена водопропустна моќ и уништување од такви размери, вели универзитетскиот професор Милевски. Инвестицијата на скопската обиколница изнесува 135 милиони евра. Таа е во должина од 26,7 километри, а беше пуштена во употреба во 2009 година.Свеченото отворање го означи тогашниот премиер Никола Груевски. Делницата е дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Надлежните тврдат дека оваа обиколница е градена според сите градежни стандарди. Т.Н

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите