19 Декември, 2025
0.0595

Владата нуди поволности за приватни детски градинки и домови за стари лица

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2014 13:34

Добивај вести на Viber

Два нови подзаконски акти донесе Владата на Република Македонија што значат предвидување определени правила за постапување на веќе објавениот  модел за поттикнување за приватната иницијатива од областа на социјалната политика односно можност за реализација на инвестиции во областа на изградбата на домови за стари лица и приватни детски градинки.

Со првата уредба, според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев,  е предвидено сите локации во  деталните урбанистички планови кои ги носат општините, а чија намена е изградба на домови за стари лица или детски градинки да се продаваат со почетна цена од 1 евро за метар квадратени. Втората уредба пак,  предвидува обврска за сите субјекти кои стопанисуваат со земјиштето да ги намалат комуналиите за овие два вида објекти за 95 проценти.

- Овие уредби се задолжителни за сите субјекти кои стопанисуваат со земјиштето без разлика дали тоа е централната власт или единиците за локална самоуправа, истакна Ѓорѓиев.

Тој посочи дека се предвидени и четири поволни финансиски инструменти односно четири кредитни линии кои се реализираат преку Македонската банка за поддршка на развојот. Првиот е општата кредитна линија од Европската инвестициска банка, со што се обезбедуваат финансиски средства со камата што ја субвенционира државата, а изнесува 5, 5 проценти, вториот е преку италијанскиот револвинг фонд што работи во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, третиот инструмент обезбедува кредитен фонд со гарантна шема кога државата учествува со поголема гаранција за повратот на средсвата од страна на приватниот субјект и четвриот е кредитната линија за мали и седни претпријатија, чија предност е тоа што средствата можат да се добијат во денари, за разлика од останатите каде што средствата се пресметуваат во добивна вредност.

Портпаролот на Владата посочи дека и Агенцијата за вработување има предивдено средства кои можат да значат одреден придонес или субвенционирање на вработувања на лица кои потенцијално би работеле во овие домови или детски градинки.

Според него, Владата заедно со единиците за локална самоупорава интензивно работела и на утврдување конкретни локации во рамки на ДУП за овие објекти, како и за изнаоѓање веќе постоечки објекти кои би можеле да бидат наменети за инвестиција за домови за стари лица или детски градинки и тоа со закуп, со продажба или со јавно-приватно партнерство.

Ѓорѓиев информираше дека досега за изградба на приватни детски градинки во ДУП на општините се предвидени 23 локации ширум Република Македонија, како и 14 објекти кои би можеле да бидат искористени за оваа намена. За домовите за стари лица се утврдени 35 локации ширум земјава и се лоцирани околу 50 - тина објекти за оваа намена.

Досега, откако е промовиран овој проектот, има над 40 - тина правни субјекти заинтересирани за изградба на приватни детски градинки и над 60 за инвестиција за приватни домови за стари лица.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата