Владата објави: „Еколог“ за 130 милиони евра ќе произведува електрични возила во Тетово
Објавено во: Економија 11 Август, 2022 12:04
Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.
„На годишнината од Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август ќе поставиме камен-темелник на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
На денешната владина седница одобривме државна помош за оваа инвестиција од 130 милиони евра, со што се отвораат 3000 до 4000 нови работни места“, напиша министерот за политички систем без да прецизира колкава ќе биде државната помош.
Домашната интернационала компанија „Еколог“ која оперира во светски рамки, на својата адреса во Тетово на улица „Индустриска“ ја доби како новорегистрирана германската старт-ап компанија Next e.Go Mobile позната по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила, напиша веќе претходно „Фактор“.
Оваа компанија пред точно една година објави дека ќе инвестира 140 милиони евра во производство на електрични возила во Бугарија. Оваа вест ја потврди тогашниот бугарскиот министер за економија Кирил Петков, инаку доскорешен премиер на Бугарија.
Фабриката ќе се отвори во 2023, а истата ќе се наоѓа северно од градот Ловеч. Во истата ќе работат околу илјада работници. На потпишувањето на меморандумот беше и Али Везвеи, прв човек на Next e.Go, кој исто така е и извршен директор на тетовската компанија Ecolog International.

Петков тогаш како министер за економија рече дека бугарската влада ќе обезбеди вкупно 34 милиони евра за поддршка на германскиот Next.e.GO во три транши. Првиот ќе биде платен кога компанијата ќе почне да ги произведува своите електрични автомобили, вториот - кога ќе достигнат 10.000 автомобили, а последниот со 20.000 автомобили годишно.
Од „Еколог“, по испратените прашања од „Фактор“, засега не сакаат да одговорат дали Next e.Go Mobile има амбициозни планови во Македонија, или Тетово ќе биде само придружен логистички центар.
Регистрираната дејност од 1 август е „производство на моторни возила“, а за управител е именуван Фабијан Вајсенборн.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




