18 Декември, 2025
0.0416

ВЛАДАТА ОД СЕКАДЕ БАРА ГАС, АМА САМО „МАКПЕТРОЛ“ Е СИГУРЕН – потребните количини за топланите се обезбедени, останува уште ЕСМ да ги набави

Објавено во: Економија 20 Септември, 2022 07:55

Добивај вести на Viber

Скопјани можат да бидат мирни, оние кои се греат на парно, зимава нема да смрзнат. „Макпетрол“ ги има обезбедено потребните количини на гас за производство на топлинска енергија, а според нашите сознанија, ЕСМ веќе се обратиле за набавка на гас до компанијата. За таа цел „Макпетрол“ веќе испратил и профактура до ЕСМ, која за обезбедувањето на средствата треба да расправа на денешната седница

Владата од секаде каде што мисли дека може да успее - бара струја и гас, а според владините најави, наредна врата каде што планираат да тропнат македонските функционери, е Турција. Ова следува откако претходно владина свита патуваше за Србија, Бугарија и за Грција, со цел да се обезбедат потребните количини енергенси за претстојната зима, односно да се најде поевтина електрична енергија за слободниот пазар, но и потребните количини гас за производство на топлинска енергија.

Фактор веќе објави дек министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани и на НЕР, Бајрам Реџепи, до крајот на неделава ќе отпатуваат за Истанбул, на преговори со Боташ, државна компанија за пренос на гас, за да се обезбедат одредени количиини од овој енергенс по поволна цена. 

А, дека е веќе крајно време да се обезбеди потребната количина на гас за парното греење, доволно говори и фактот што сега сме 20 септември, а грејната сезона стартува за неполн месец, на 15 октомври.

Но, она што како прашање би требало да и се постави на владината делегација која патува за Турција, откако претходно беше растрчана и по друг локации за набавка на гас, е како планира да го добие овој енергенс преку Турција или било која друга држава, кога е познато дека „Гаспром“ го продава само преку своите партнери, и оваа компанија така работи со години наназад, што значи дека не може во „пет до 12“ да се набави гас преку други инстанци. Така што, според ншите сознанија, тешко дека државата ќе успее преку Турција да обезбеди гас и тоа во овој период.

Од тие причини Фактор се обиде да дојде до информации од нашиот главен нафтен дистрибутер и единствен снабдувач со гас „Макпетрол“, за тоа дали се обезбедени потребните количини на гас за претстојната грејна сезона, но и за тоа дали државната компанија ЕСМ кој сега го презеде управувањето со БЕГ, го договорила снабдувањето на потребните количини од овој енергенс.

Според нашите информации од „Макпетрол“, оваа наша компанија има годишен договор со „Гаспром“ за набавка на гас, кој важи се до крајот на оваа година. Нарачките се прават секој месец за потребните количини за наредниот месец, а плаќањето веќе треба да се изврши до 20 во месецот.

За набавка на гас до „Макпетрол“ се обратиле од ЕСМ, која го презеде управувањето со БЕГ и ќе биде одговорна за снабдување со топлинска енергија. Ове компании се интересирале кај компанијата дали може да ги обезбеди потребните количини на гас за претстојната грејна сезона, за работа на топланите Исток и Запад.

Од „Макпетрол“ потврдуваат дека и за своите клиенти, како и за сите топлани во Скопје, ги имаат обезбедено потребните количини на гас, и дека за тоа ја известиле и ЕСМ, дека компаниите ќе ги добијат потребните количини од овој енергенс.

За таа цел на ЕСМ и била испратена и профактура за плаќање на нарачаните количини.

Сега се поставува прашањето дали и кога Владата ќе ги обезбеди потребните средства, а според информациите, тоа прашање Владата ќе го разгледува на денешната седница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа