20 Декември, 2025
0.1083

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Државната администрација ќе добива К-15

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2020 17:36

Добивај вести на Viber

Утврден е колективниот договор со кој на државната администрација се враќа К-15. 

Ова е одлука од 6-тата седница на Владата. 

„Владата  ја разгледа и усвои Информацијата и го утврди текстот на Гранскиот колективен договор на органи на државната управа, на стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, на судовите, јавни обвинителства, казнено - поправни и воспитно - поправни установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови и центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ“, информираа од Владата. 

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право. 

Со тоа се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите.

Обновено: 02.04.2020 

На вработените во јавниот сектор нема да им се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, а нема да се реализираат и другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.



Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба