20 Декември, 2025
0.0451

Владата потпиша договор со Минстрој, 1000 рудари ќе се вратат во рудниците

Објавено во: Економија 06 Април, 2016 18:28

Добивај вести на Viber

Владата и бугарската фирма  Минстрој денеска го потпишаа договорот за концесија на рудниците Злетово и Тораница.
Сопственикот на Минстрој најави дека кон средината на мај очекува да биде рестартиран рудникот Злетово, а неколку месеци подоцна и Тораница.
Концесионерот ќе ги исплати сите неисплатени плати и ќе инвестира 10 милиони евра за нова опрема.
„За граѓаните е важно што новиот инвеститор најави дека ќе ги врати на работа сите 1000 вработени во двата рудника. А воедно дека дополнително ќе инвестира во нова и современа опрема со која двата рудника ќе работат успешно и профитабилно“- изјави премиерот Емил Димитриев.
Минстрој холдинг  има 2.500 вработени и стопанисува со 6 најголеми рудници во Бугарија.
„Ќе ги вратам на работа уште во месец април, а во месец мај ќе почнеме со работењето и ќе ја имаме првата руда. Имам претстава што треба да се направи, каква техника и опрема треба да се купи и повторувам дека ќе реализирам 10 милиони евра инвестиции“- кажа Николај Валканов, сопственик на Минстрој.
Одлуката Минстрој да ја добие концесијата, ја обжалија две компании-„Минеко“ и „Металфер“. Надлежните велат дека нивните жалби се отфрлени, а изборот на бугарската компанија бил транспарентен и согласно прописите.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба