19 Декември, 2025
0.0714

Владата повеќе не дава, се бараат пари за ЕСМ

Објавено во: Економија 01 Април, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Повеќе од еден месец АД ЕСМ нема добиено пари од Владата за покривање на загубите во енергетската криза со електрична енергија, но затоа и натаму се бараат различни начини како да се финансира „дупката“ што се јавува од разликата помеѓу скапата набавна и релативно евтината продажна цена за домаќинствата.

Една од последните одлуки е едно од поликвидните акционерски друштва во државна сопственост да му префрли позајмица на државните електрани, по донесената таква согласност на Владата. Од ЕСМ ни потврдија дека сумата што ја добиле од Државна лотарија на РСМ е 90 милиони денари.

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, вчера рече дека на компанијата до крајот на годината ќе и бидат потребни уште 100 милиони евра за надминување на енергетската криза. Првиот човек на државните електрани најави и задолжување кај Европската банка за обнова и развој со кредит од 50 до 100 милиони евра.

- ЕБОР дава можност за кредитно задолжување со камата под 1 процент, исплата на 6 години со грејс период од 6 месеци. Станува збор за сума од 50 и 100 милиони евра за покривање на разликата од производната и продажната цена, најави Ковачевски.

Инаку обидите за изнаоѓањето на различни начини на финансирање во последно време се почесто застапени поради кризата во енергетскиот сектор.. Владата на седница во февруари му препорача на операторот на електропреносен систем МЕПСО да се обрати до деловните банки и од нив да бара кредити за одржување на ликвидноста во текот на годината додека трае енергетската криза. 

Неколку дена подоцна Владата донесе одлука да му исплати 11 милиони евра на МЕПСО преку Електрани на Северна Македонија откако доби одговор дека тоа не е можно поради тековно задолжување кај странски кредитор.

Само во месец февруари кризата принудно ја натера Владата да му исплати 58 милиони евра на државните електрани. Кога ќе се стави се на збир, излегува дека во 2022 за неполни два месеци се потрошени 80 милиони евра од владиниот буџет. Ако на ова се додадат и парите од 2021 по прогласувањето на енергетската криза, вкупниот износ грубо пресметан е 166 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба