Владата позајми 12.6 милиони евра, наместо 5.4 милиони евра
Објавено во: Економија 06 Јули, 2016 17:55
Владата денеска се задолжи со 12,6 милиони евра, иако првично се планираше заем од 5.4 милиони евра.
На аукцијата на хартии од вредност беа понудени 3 и 12 месечни записи како и обврзници на 10 и 15 години во вредност од 5,4 милиони евра, но на крајот интересот бил двојно поголем.
Банките биле најзаинтересирани за 3 месечните записи односно за записите кои достасуваат за 76 дена а воопшто не учествувале во аукцијата на обврзниците
За вракање утре доспеваат 5,4 милиони евра, а следната аукција е закажана за следниот вторник.
Во првиот квартал од годинава јавниот долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45 % од БДП.
По повод новото задолжување реагираше СДСМ, од каде нагласија дека долгот ќе биде на терет на граѓаните.
„Денешното ново задолжување има за цел да го надополни раздолжувањето утре, но и да натовари дополнителни 7,2 милиони евра нов долг. И понатаму ги предупредуваме домашните кредитори, банките, пензиските друштва и осигурителните компании да внимаваат при купувањето на домашни хартии од вредност бидејќи според последниот Закон за влада уште е под знак прашалник законитоста на ваквите задолжувања“ - велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ова задолжување е поголемо за 2,3 пати од првично планираното од 5.4 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




