19 Декември, 2025
0.0508

Владата сака да ги продаде ТЕЦ Неготино и Тутунски комбинат Прилеп?

Објавено во: Економија 15 Април, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Бирото за судски вештачења на барање на Владата лани направило проценка за тоа колку вредат Термо-електраната Неготино и Тутунски комбинат Прилеп. Ова го пишува во новообјавениот стратешкиот план на бирото, а истото за „Фактор“ го потврдува директорот Валдет Џафери. Од сето ова може да се заклучи дека кај Владата може да се јавил интерес да ги продаде на приватен инвеститор.

Најзначани проценки, како што објавува бирото, во 2019 била вредноста на ТЕЦ Неготино, ТК Прилеп, земјиштето на преносниот гасоводен систем што го гради АД ГА-МА, како и проценките на конфискациите на Агенцијата за управување со одземен имот. Најмногу проценки пак се правеле за потребите на ЈП за Државни патишта, Македонски енергетски ресурси, Агенцијата за вработување, Министерството за финансии, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

- Тоа се најзначајните субјекти на кои ја извршивме проценката на нивната целокупна вредност. Оваа година немавме барање за работа од таков тип. Ние како Биро за судски вештачења имавме обврска на барање на Владата само да ја констатираме нивната вредност, а кои се мотивите тоа нас не не интересира, вели директорот Џафери.

Тој додава дека не е коректно да се истакнува нивната вредност, односно нивната евентуална цена со која би можеле да бидат понудени на продажба. Џафери вели дека евентуалната сума може да ја соопшти само Владата, на чија адреса „Фактор“ и ќе се обрати.

Владата во 20017 размислуваше за продажба на ТЕЦ Неготино, која во мо0ментов е наменета за работа само во вонредни околности, а беше објавен и меѓународен тенедер за продажба на централата. Стручната јавност беше против евентуалната продажба.

Тутунскиот комбинат (ТК) Прилеп повеќе не е загубар, минатата година ја заврши со добивка од 39,2 милиони денари што главно се должи на подобрената продуктивност со растоварувањето од превработеноста, како и на стратегиското партнерство што го воспостави во меѓувреме.

Проценката на вредноста на овие два субјекти може да се смета дури и како вонредна околност за работата на бирото, ако се знае дека вообичаено врши проценки за експропријации на земјишта заради изградба на патишта и цевководи, штети настанати како резултат на неповолни временски услови, продажба и давање под закуп на недвижен државен имот, при пренос на концесии итн.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?