Владата се пофали дека невработеноста паднала под психолошката граница
Објавено во: Економија 08 Март, 2019 13:30
Македонската економија пораснала за 3,7 проценти во последниот квартал лани, а во 2018 година вкупниот раст на Брутодомашниот производ (БДП) е 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во исто време невработеноста ја проби психолошката граница и дојде до ниво под 20 проценти, односно изнесува 19,4 проценти. Економскиот тим на Владата веднаш на прес конференција се пофали за постигнатите резултати.
„Трендот е позитивен. Знаеме што правиме, знаеме каде ја носиме економијата, она што го најавивме и се случува. Посветеноста, добро одмерените мерки ги даваат резултатите, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Тој дури им честиташе на сите кои допринеле за рст на градежништвото од 19,6 проценти. Рече дека оваа дејност се враќа на поранешното ниво и дека тоа се должи и на растот на капиталните инвестиции.
Според него намалувањето на невработеноста е доста позитивен сигнал. Само во 2018 година невработеноста с енамалила за 3,6 проценти или во апсолутни бројки, во таа година нови 26.600 луѓе биле вработени.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




