Владата се задолжи без да каже на што ќе ги потроши парите
Објавено во: Економија 26 Април, 2016 16:06
Владата го реализираше новото задолжување на домашен терен.
Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните за 1,2 милиони евра а засега нема објаснување на што ќе бидат потрошени овие пари, бидејќи и покрај тоа што се задолжуваме речиси втора недела не доспеваат државни хартии од вредност за враќање.
За на трети мај Владата најави ново задолжување.
Со реакција и предупредување денеска повторно се јави Дополнителниот заменик министер за финансии во оставка, Кире Наумов
Тој вели дека финансиската состојба дополнително ги усложнила и одлуките на меѓународните финансиски институции да прекинат со кредитирање до завршувањето на изборите.
„Доколку Министерот за финансии ги прифатеше моите сугестии сите задолжувања да бидат со заедничка согласност, како со издавањето на еврообврзницата, довербата кај странските кредитори немаше да биде нарушена“, посочува Наумов.
Наумов исто така посочува на стабилноста на банкарскиот сектор која макотрпно е градена во последните 25 години и вели дека не смее да биде нарушена заради самоволните одлуки на власта во заминување.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




