Владата следната година ќе треба да најде 83 милиони евра за резервно гориво
Објавено во: Економија 11 Мај, 2021 07:50
Државата
следната година ќе купува резервно гориво за 73,35 милиони евра, според Акциски
план за формирање на нафтени резерви кој е наметнат од ЕУ, а кој го објави
Владата со кој ќе треба да се исполнат капацитетите за негово чување. Чувањето
на купената количина ќе предизвика дополнителни трошоци, со што во 2022 ќе
треба да се најдат 83 милиони евра.
До тогаш ќе треба да се купат 71,4 килотони дизел за 50,3 милиони евра, 27,1 килотони моторен бензин за 21,411 милиони евра и околу 7 милиони евра за останатите горива. На крајот на 2022 државата треба да има 251,2 килотони резерви, а зафатнината на чување да биде речиси двојно поголемо. За чувањето на складиштарите ќе им се плаќа 9,045 милиони евра. Половина милион евра ќе бидат дадени и за Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за администрирање на процесот.
Тоа значи дека вкупната сума што ќе биде потребна, а е запишана во проекцијата на планот, е нешто помалку од 83 милиони евра. Парите ќе се обезбедуваат од надоместокот за задолжителни резерви на сурова нафта и нафтени деривати; од меѓународна соработка на програми и проекти, од кредити и, како што се вели во планот, од други извори.
Ќе биде вистински предизвик за Владата да ги најде овие пари, ако се знае дека според она што го пишува за надоместокот за задолжителни резерви, кој се одвојува од купените горива во комерцијална продажба, се планирани само 8,8 милиони евра.
„Суровата нафта и нафтените деривати од задолжителните резерви треба во секое време по квалитет да одговараат на важечките национални прописи за квалитетот на течните горива и да не содржат недозволени примеси и/или нечистотии кои можат битно да влијаат врз квалитетот и на фактичките количини на нафтените резерви, со цел нафтените резерви секогаш да бидат достапни за интервенција на пазарот.
Обновувањето на нафтените деривати тековно ќе го вршат трговските друштва од нафтениот сектор во земјата, кои се складиштари на задолжителни резерви, врз основа на склучени договори за складирање, чување и обновување на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви со МАКОРА“, најавува Владата.
Во акцискиот план се препорачува и одржување на постојните и изградбата на нови складишни капацитети и инфраструктура за нафтени деривати на територијата на земјата гледано долгорочно, со што трајно би се решило проблемот со складирање на севкупните нафтени резерви.
До крајот на следната година државата треба да има свои 50 килотони моторен бензин, 158,3 килотони дизел, 32,7 килотони мазут и 10 килотони екстралесно масло.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




