ВЛАДАТА СМЕНИ УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН ОД НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - Ријад Алими доаѓа на местото на Кристијан Михајлоски
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2025 09:49
И Кристијан Михајлоски е сменет од член на Надзорниот одбор на М-НАВ, откако во октомври лани беа сменети и претходните двајца членови, Димитар Џеков и Едмонд Калиќи, и на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.
Тогаш Кристијан Михајоски остана, но сега е отповикан од функцијата.
Државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, вчера преку Берзата соопшти дека е извршена промена кај членовите на НО на М-НАВ.
„Со одлука на Владата на РСМ во својство на Собрание на акционерското друштво, Кристијан Михајлоски е отповикан од должноста член на НО на АД М-НАВ и за член на тоа друштво е избран Ријад Алими“, се вели во објавата на Берзата и се додава дека сега Но ќе го сочинуваат Горан Јандреоски, Милорад Милановиќ, и Кристијан Михајлоски.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




