Владата со 60 илјади евра ќе ги одржува рудниците Тораница и Злетово
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 15:12
Одржувањето во рудниците Тораница и Злетово го презеде Владата која на денешната седница донесе одлука за финансирање на истите со 60 илјади евра .
Премиерот на преодната влада Емил Димитриев денеска се сретна со претставници на погоренаведените рудници и ја најави оваа одлука. Тој ја искажа обврската за грижење на рудниците во време кога се нема концесионер.
„Имаме правен основ, уште повеќе и обврска да се грижиме за одржување на рудниците до нивната продажба и добивање нов сопственик, појасни Димитриев.
Димитриев соопшти и дека е објавен повик за доделување концесија за минералните сурови, кој треба да заврши на 14 март, а после два дена, односно на 16 март ќе следи јавна аукција на која ќе се избере компанијата која ќе ги добие на концесија минералните суровини
Засега и Владата и рударите се оптимисти во однос на рестартирањето на рудниците, и надевање дека во овој период ќе има подигање на тендерска документација и аплицирање за јавната аукција на средина на март.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




